7.8 C
Скопје
02:47 - 20 април, 2024

Зошто ковид-19 не беше спречен пред да се рашири и како да не се повтори истата грешка?

Во февруари 2018 во Женева, на иницијатива на Светската здравствена организација, група од 30 најдобри светски микробиолози, зоолози и стручњаци за јавно здравство одржале состанок на кој требало да се направи список на најопасните вируси на планетата за кои сеуште не постои лек или вакцина. На состанокот една од главните теми бил вирусот САРС, кој во 2002-та беше смртоносен, а се шпекулирало и за новите верзии на овој вирус кои би можеле да се појават.

Петер Дашак / Фото: Твитер @PeterDaszak

„Сите во салата ги читаа истражувањата и знаеја дека темата е битно, но и дека е многу побитно да се справиме со ова прашање отколку со некои други болести на кои во моментот не можеме позитивно да влијаеме“ пренесува за Њујорк Тајмс еден од присутните експерти Петер Дашак.

На списокот на работната група, на кои биле наведени и САРС и МЕРС, се наоѓала и една мистериозна болест едноставно означена како „Болест Икс“.

Под ова име се воделе сите непознати патогени кои би требало да се појават.

Лек за ковид-19 можеше да биде возможен уште во 2003

Според Дашак, Ковид-19 е една од овие болести, за кои уште тогаш се претпоставувало дека ќе резултираат со голема стапка на смртност. По неговата проценка, превенцијата уште тогаш би била возможна, но владите на најмоќните земји сметале дека е прескапа, а најголемите фармацевтски компании не би биле во можност да остварат профит.

Правење лек кој би се користел за лекување на широк спектар на вирусни инфекции е многу потешко е правење на антибиотик, поради начинот на кој вирусите делуваат на ќелиите и влијаат на нивниот РНК. Поради тоа е многу битно постоечките лекови да се тестираат на широк спектар на вирусни инфекции.

Според Винсент Раканијело и неговиот гостин, инфектологот од универзитетот Вандербилт, Марк Денисон лек за Ковид-19 бил возможен уште од појавата на САРС во 2003. Со негова помош епидемијата во Кина немаше да биде во можност да се рашири во остатокот на светот, а единствена причина поради која го немаме лекот е недоволната финансијка подршка.“

Човек чита весник во Пекинг на штанд за продажба на весници, откако тогашниот претседател Хи Џинтао повика на солидарност во борбата против САРС. Кина беше една од најпогодените од овој вирус, 3,300 лица се заразија и 140 починаа / 30 април 2003 година, Пекинг, Кина / Фото: EPA PHOTO / EPA

Едно од можните решениjа за вирусот е и РНК вакцина, која би го активирала имунолошкиот одговор на самиот организам кон вирусот. Предностите на оваа вакцина се огромни, бидејќи може да се направи за месец дена наместо за шест, и би била достапна во огромни количини. Овие вакцини се уште немаат добиено дозвола од Американската регулаторна комисија, но извесно е дека тоа набрзо ќе се промени, пишува Њујорк Тајмс.

Сепак, за фармацефтските компании, оваква вакцина претставува лош бизнис модел. Потребни се стотици милиони долари за нивно развивање, за во „најдобар“ случај да бидат користени еднаш годишно. И развојот на лекови за широк спектар на вируси е подеднакво неисплатлив. Лекувањето трае кратко, најчесто само неколку недели, додека кај хроничните болести како дијабетисот или зголемениот крвен притисок пациентите користат по неколку таблети дневно во подолг временски период.

Поради овие причини, компанијата „Гилеад“ имаше голем пад на вредноста на берзата веднаш по производството на револуционарен лек против хепатитис Ц. Терапијата резултирапе со целосно излекувани пациенти, па побарувачката на пазарот за овој лек драстично опаднала, а компанијата на успеала да ги покрие загубите за развојот на лекот. Потоа се појавуваат непрофитни организации како Фондацијата Гејтс на Бил и Мелинда Гејтс, која ја финансира глобалната борба против ХИВ, туберкулоза и маларија.

EPA-EFE/OLIVIER CHASSIGNOLE

Таква организација е и ЦЕПИ (коалиција за иновации во случај на епидемија), основана во 2017 со цел да се координира и финансира развојот на нови вакцини за болести кои би можеле да доведат до пандемија. ЦЕПИ ги поврзува авторите на најнапредните научни истражувања од оваа област со фармацевтската индустрија и државните ресурси, за да се издвојат подобните кандидати за вакцина преку почетни клинички тестирања. Целта е да се створат залихи на лекарства за познатите типови на коронавируси, но и за останатите глобални вируси, така што би можело брзо да бидат произведени во случај на пандемија.

Во светот постојат милиони вируси кои би требало да се анализираат.

Според еден објавен научен труд, на светот денес постојат околу 1,6 милиони потенцијални зоонозични вируси, односно вируси кои се пренесуваат од животни на луѓе. Од нив само стотина се досега идентификувани.

Еден од главните аргументи против овие истражувања е малиот ризик од поединечни пандемии. Повеќето вируси едноставно не се способни да се пренесат од животните на луѓето, а и во случај да успеат ретко кога се способни да се репродуцираат во доволен број кој би можел да претставува закана за луѓето. Според Дашак, проблемот настанува кога шансата од еден во десет милиони ќе се помножи со вкупниот број на човечко-животински контакти. Во тој случај шансата за пренос наеднаш вртоглаво расте.

За да помогне во детектирање на локацијата со најголем ризик за пренос на вирус, Дашак патувал низ руралните делови на кинеската провинција Јунан. Таму успеал да прегледа повеќе примероци на крв од локалното население во потрага по антитела, според кои може да се види колку често луѓето биле изложени на корона вирусот.

Туристи во историскиот град Дали, во провинцијата Јунан. Дали е едно од најпопуларните туристички дестинации во Јунан / Фото: EPA/ROMAN PILIPEY

Установено е дека дури три проценти од вкупната популација била во контакт со вирусот, што ја потврдува способноста на вирусот екстремно брзо да се пренесе од животни на луѓе. Во пракса, тоа би значело дека помеѓу еден и седум милиони луѓе во југо-источна Азија боледува од коронавирусот секоја година. Кај голем дел од нив вирусот не предизвикува болест, што значи дека поранешните епидемии не би можеле да бидат регистрирани, а смртните случаи би биле припишани на сезонскиот грип.

Американскиот владин програм „ПРЕДИКТ“, воспоставен за време на претседателот Обама, преку метода на биолошки надзор во текот на изминативе 10 години дошол до бројката од повеќе од 1000 нови потенцијални вируси кои би можеле да се пренесат од животните на луѓето.

„Лилјаците претставуваат петина од сите цицачи на светот. Распространети се на целата планета. Често не сме свесни за нивното постоење бидејќи летаат ноќе, но тие се тука. Оставаат измет насекаде, како што тоа го прават и другите животни, само што ние тоа не го гледаме“ наведува Дашак.

. Вработени во аеродромот Леонародо да Винчи во Рим ги проверуваат патниците за САРС / 21 април 2003, Рим, Италија / Фото: EPA PHOTO ANSA/STR/pal-hh

Поради сето ова, тој заедно со група научници започна еден амбициозен проект чија цел е да се идентификуваат 70% од 1,6 милионите потенцијално преносливи вируси во наредните 10 години. Цената на овој проект е 1,6 милиони долари. Токму Дашак и неговите колеги го открија најблискиот „роднина“ на ковид-19 во Кина во 2013-та.

„Го секвенциониравме геномот и го замрзнавме. Бидејќи не изгледаше на САРС, претпоставувавме дека не претставува голем ризик. Да знаевме уште тогаш, кога ја правевме вакцината за САРС, ќе можевме да го таргетираме и овој вирус и веќе ќе имавме подготвена вакцина.“

Сепак, наинтересната изјава на Дашак на оваа тема се однсеува на односот кој светот го има кон вирусите. „Не размислуваме два пати за тоа колку чини борбата против тероризмот. При најмалите индикации напаѓаме со дронови, имаме низа добро разработени акции во случај на напад. Оваков пристап би требало имаме и кон пандемиите.“

The post Зошто ковид-19 не беше спречен пред да се рашири и како да не се повтори истата грешка? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....