02:27 - 27 ноември, 2026

Шпанец во ритамот на Квин ја чистеше терасата и ги забавуваше соседите (ВИДЕО)

Дури и во морето од негативни вести и тешката ситуација поради пандемијата на коронавирусот, еден маж од Шпанија ги насмеа своите соседи со одличниот перформанс на терасата.

Видеото кое ги „запали” социјалните мрежи нѝ пристигна од Марбеја, Шпанија, а на истото се гледа како еден маж го изведува хитот на групата „Queen” – „I Want To Break Free” облечен како легендарниот Фреди Меркјури, додека ја чисти терасата.

Тој носи бела поткошула и тексас панталони, а со залижаната фризура и мустаќите неодоливо потсетува на фронтменот на „Queen”.

#yoactuodesdemibalconEn Marbella, Málaga. Paraíso de la Costa del Sol. I want to break free!! Quiero ser libre!!!!Qué maravilla de balcón!!!

Publiée par Carlos Díaz Ballesta sur Lundi 20 avril 2020

Неговите танцувачки способности ги насмеале соседите, а еден од нив одлучил да го сними целиот перформанс и да го објави на Фејсбук, каде моментално има над 30 илјади лајкови.

Видеото за кратко време стана вирално, а по својот настап, симпатичниот Шпанец добил аплауз од соседите кои одлично ги расположи.

Слични објави

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.

Не ги чувајте компирите на ова место — грешка што многумина ја прават во зима, а поради која побрзо се расипуваат

К.С.
Се вчитува....