09:36 - 24 јуни, 2026

Дали Дуа Липа започна нов свадбен тренд? Нежниот цвет од нејзиниот монобукет крие силна симболика

На денот на нејзината венчавка, Дуа Липа носеше букет од нежни исландски булки, за кои не престанува да се зборува, а кои имаат навистина богата и интересна историја.

Во тајност и интимна атмосфера, 30-годишната британска и актерот Калум Тарнер (36) склучија брак опкружени со своите најблиски. Во бракот влегоа беспрекорно дотерани, внимавајќи на секој детаљ. Освен што воодушевија со своите свадбени изданија, особено невестата во бел костум со шешир, дополнително внимание привлече и нејзиниот свадбен букет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Пејачката во рацете носеше едноставен букет од исландски булки во нежни пастелни нијанси на праска и бела боја, без дополнително зеленило и украси, врзан само со една бела свилена лента. Токму таквиот букет веќе се најде на листата на желби на многу идни невести.

Исландската булка се смета за едно од најубавите чуда на природата. Овој нежен цвет со силна симболика и едноставна убавина има посебно место меѓу украсните растенија. Тој е симбол на надеж, убавина и мир, тивок потсетник на минливоста на животот, но и на неговиот извонреден раскош. Затоа и не изненадува што Дуа го избрала токму за својот најважен и најубав ден.

Потекнува од 18 век

Исландската булка потекнува од студените и сурови субарктички предели, а нејзините корени се длабоко врежани во минатото. Ботаничарите ја откриле во текот на 18 век во оддалечените делови на Исланд, по што и го добила своето име.

Во нордиската митологија булката симболизирала сон и спокој, па не е тешко да се разбере зошто токму овој цвет се поврзува со мистичните и речиси нереални северни пејзажи. Низ историјата го нашол своето место и во уметноста, каде често бил прикажуван како симбол на надеж, издржливост и минлива животна убавина.

Неговите нежни ливчиња и раскошни бои инспирирале бројни сликари и фотографи, кои во него пронаоѓале совршен мотив за овековечување на краткотрајните мигови на природната убавина.

Во многу култури овој цвет се поврзува со мир, благосостојба и сеќавање на саканите личности кои повеќе не се меѓу нас. Неговиот смирувачки изглед го направил омилен избор за градини и пејзажни уредувања осмислени како места за одмор.

Но, исландската булка не е само естетски привлечна. Во традиционалната медицина, како и во некои современи истражувања, се споменува поради своите благи седативни својства и потенцијалните придобивки при воспаленија, релаксација и намалување на стресот.

Цвеќарите и експертите за свадбени трендови последниве денови истакнуваат дека овој детаљ би можел да стане еден од највлијателните свадбени трендови на годината. Монобукетите, составени од само еден вид цвеќе, му дозволуваат на цветот сам да го понесе целиот впечаток – доволно се нежни за да не доминираат во изгледот на невестата, но и доволно впечатливи за да останат запаметени.

Слични објави

(Видео) Беа најконтроверзниот ријалити пар на Балканот — Луна Ѓогани и Слоба Радановиќ имаа „непријатна“ средба на настан

Еспресо

(Фото) Ќерката на Карлеуша во гламурозно издание — Атина Тошиќ блесна во златен фустан

Еспресо

Хороскоп за 24 јуни: Биковите ќе го искористат денот за дружба, Јарците ги очекува нова деловна понуда

Еспресо

(Фото) Идиличен летен одмор – бремената Деа Ѓурѓевиќ покажа како ужива во базен

Еспресо

(Фото) Иднина на престижен универзитет – синот на Вики Миљковиќ матурираше, гордата пејачка ја сподели радоста на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Атина целата во злато – ќерката на Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша воодушеви со модното издание

Еспресо
Се вчитува....