23 C
Скопје
22:42 - 14 јули, 2026

(Фото) Бразилката Керолај е мајстор за привлекување внимание – го искористила своето тело како албум за сликички од Светското првенство во фудбал

Бразилската инфлуенсерка Керолај Чавес, 25-годишна девојка која на Инстаграм ја следат дури 5,5 милиони луѓе, повторно се истакна како мајстор за привлекување медиумско внимание.

Овојпат своето тело го искористи како албум за самолепливи сликички.

Овој нејзин подвиг совршено се вклопува во нејзиниот препознатлив начин на привлекување внимание. Во рамки на кандидатурата за титулата „Musa do Mundial 2026“, инспирирана од Светското фудбалско првенство, таа своето тело го претвори во „жив албум со сликички“, а целото исцртување траело дури седум часа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kerolay Chaves (@kerolay_chaves)

Керолеј ја изгради својата кариера врз внимателно осмислен имиџ на провокативна, но и ранлива млада жена. Вниманието првпат го привлече како „последната девица“ на една платформа за возрасни, а подоцна јавно објави дека сепак се подложила на операција за реконструкција на хименот.

Еден од инцидентите што ја ставија Чавес во центарот на јавната дебата се случил во супермаркет во нејзиниот роден град Бело Хоризонте.

Облечена само во кратки шорцеви и бел топ, таа туркала количка меѓу полиците кога, според нејзините зборови, доживеала невидено понижување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kerolay Chaves (@kerolay_chaves)

„Тукушто се вратив од супермаркет каде што ме малтретираа поради прекратката облека. Ми упатуваа навреди и на крајот ме исфрлија од продавницата“, напиша тогаш на Инстаграм.

Нејзиното непријатно искуство го пренесоа бројни светски медиуми, како и нејзината изјава дека смета оти е апсурдно жените и понатаму да се третираат на таков начин само затоа што се облекуваат како што сакаат.

Својата теорија ја сумираше во едноставна реченица:

„Вистината е дека го доживуваме тоа затоа што сме премногу згодни, и тоа е сè.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kerolay Chaves (@kerolay_chaves)

Набрзо го смисли и терминот „фобија од убави жени“ и тврдеше дека станува збор за секојдневен проблем со кој се соочува.

Освен што се бори против „фобијата од убави жени“, Чавес отворено зборува и за својата бисексуалност и предрасудите со кои се соочува.

„Сè уште има многу луѓе кои бисексуалноста ја сметаат за фаза, збунетост или стратегија за привлекување внимание. Тоа е исцрпувачки“, изјави таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kerolay Chaves (@kerolay_chaves)

Слични објави

Ќерката на Петар Грашо го насмеа Здравко Чолиќ: „Те молам, престани да пееш, гледам цртан!“

Еспресо

Бојана Скендеровски откри низ каква драма поминала по раѓањето на синот: „Ми го скрати животот на еден час“

Еспресо

(Фото) Двојна причина за славење во семејството Наташа Беквалац: Пристигнуваат честитки од сите страни

Еспресо

(Фото) „За нас ова е тажен ден на земјата“: Елена Ристеска го одбележа роденденот на својот покоен татко

Еспресо

Ѓоковиќ од Вимблдон директно во Црна Гора: Славниот тенисер отишол на стоматолог во апостолки и шорцеви

Еспресо

(Фото) Мандар стана татко! На свет дојде ќерката Илина, радоста ја сподели со фотографија од болница

Еспресо
Се вчитува....