13:20 - 15 ноември, 2026

Ѓани призна: Би се оженил со Јелена Карлеуша, ме привлекуваат високи жени!

Иако со години ужива во бракот и семејниот живот со сопругата Слаѓана, пејачот Радиша Трајковиќ Ѓани во едно телевизиско гостување призна дека, доколку бил слободен, од естрадните дами би се оженил со Јелена Карлеуша.

За тоа имал и посебна причина.

– Би се оженил со Јелена Карлеуша, ме привлекуваат високи жени. Би се сложувале како куче и мачка. Да се држиме за рака и да шетаме. Еве, сега првпат го кажувам тоа; да не беше Слаѓа, тоа ќе беше Јелена Карлеуша. Само чудно би звучело да биде Трајковиќ – изјавил Ѓани без двоумење во емисијата „Амиџи шоу“, оставајќи ги присутните без зборови.

Да потсетиме, Слаѓа и Ѓани неодамна одбележаа 30 години брак.

– Триесет години заедно, низ сите убави и тешки моменти, и повторно би те избрала тебе. Ти благодарам за љубовта, сигурноста и за сите наши спомени. Среќна годишнина – напиша тогаш Слаѓана Трајковиќ на социјалните мрежи.

Во тој период пејачот се опоравуваше од необичен инцидент, откако беше каснат од еден гостин на свадба на која настапувал.

Слични објави

Пред да почне работната недела — пет навики што ќе ви помогнат да седите помалку на работа

К.С.

Сузана Манчиќ крие диплома од Правен факултет: „Татко ми беше новинар, мајка ми сопран, а сите беа зачудени што завршив на естрадата“

Е.А.

Џина Џиновиќ објави видео во едно од своите највпечатливи изданија досега

Е.А.

(Фото) Наздрави за „четвртина век“ — Јанг Дади го прослави 25. роденден и доби честитки од познатите

К.С.

Појадок што мириса на пита со јаболка — рецепт за крцкав тост со рикота и цимет

К.С.

Хороскоп за 15 ноември: Скорпии, ќе се чувствувате мотивирани за нови работи

apostolova
Се вчитува....