7.8 C
Скопје
02:21 - 20 април, 2024

Живот по коронавирусот: Стравот кај луѓето ќе остане, потребна е национална стратегија за здраво општество

Светската пандемија со коронавирусот нè стави во несекојдневна положба. Поголемиот дел од времето сме принудени да го минуваме дома, па секој поединец различно се справува со оваа ситуација. Владата веќе најави олеснување на рестриктивните мерки, но се поставува прашањето што понатаму, односно дали по завршувањето на коронакризата луѓето ќе продолжат да живеат во страв, како тие ќе се вратат на нормалниот живот?

Психологот Марија Котевска во разговор за Слободен печат вели дека ќе постојат неколку аспекти по кои луѓето различно ќе се справуваат со стравот.

– Ќе постојат неколку аспекти за тоа како ќе се одвива однесувањето на луѓето по овој карантин. Стравот кај одредена група на луѓе може да се засили и да се продлабочи во анксиозност. Тоа е вид на антиципиран страв. Кај оваа категорија на луѓе ќе постои страв дека во иднина може повторно нешто да се случи, па така овој страв може да премине во панични реакции, како и во фобија. Овие луѓе во иднина ќе имаат проблем со прифаќање на ситуацијата. Втора категорија на луѓе се оние кои ќе го негираат проблемот и негирајќи го дури и нема да ги почитуваат препораките и мерките за заштита. Тие ќе имаат проблем со екстремни реацкии, па поради тоа можат да бидат опасност и за околината – вели Котевска.

Според неа, сепак, споменатите две групи на луѓе ќе бидат во помал процент, додека генерално истакнува дека овој проблем во заедницата ќе се прифати нормално и со благо стравување.

  • Кај поголемиот процент од луѓето ќе владее благо стравување од тоа дека во иднина одново може да се случи вакво нешто, но поради тоа нема нема да има големо нарушување на менталното здравје. Тие ќе ги почитуваат правилата и на вистински начин ќе се изборат со оваа ситуација – смета психологот Марија Котевска.

Таа очекува во идниот период дополнително зголемување на бројот на лица кои ќе бараат психолошка помош.

  • Како психолог очекувам да се јавуваат поголем број на психолошки проблеми, како и сè поголем број на лица кои ќе бараат помош, па затоа сите ние психолозите сме подготвени помогнеме – додава Котевска.

Сличен став во врска со ова прашање, односно за тоа дека стравот и натаму ќе биде присутен и ќе ги групира луѓето во неколку категории, има и социологот Татјана Стојановска Иванова.

  • Во иднина ништо нема да биде идентично и исто. Нè очекуваат големи промени во меѓучовечките односи. Луѓето ќе се однесуваат различно кон своите колеги, кон семејството и кон сите останати групи со кои контактираат. Сето ова ќе се случува поради стравот како силна емоција кој долго време нема да може да се искорени. Ќе постои страв повторно да нè ни се случи нешто слично – вели Стојановска Иванова.

Таа оценува дека стравот ќе се манифестира уште во неколку полиња, како резултат на страв од голема економска криза, а поради тоа во општеството генерално ќе постои и страв од зголемување на булингот во училиштата, страв од зголемување на бројот на самоубиства и други социолошки промени кои нè очекуваат.

  • Свесни сме за економската криза која нè очекува и која ќе доведе до голем страв кај луѓето, поради што можно е да се соочиме со зголемување на бројот на кражби во иднина, како и самоубиства,  но и сè повеќе случаи на булинг во училиштата ширум земјава – додава Стојановска Иванова.

Како решение за оваа ситуација, таа смета дека сега е неопходно да се направи национална стратегија и секој поединечно да даде свој придонес за здраво општество.

  • Многу е значајно тоа што луѓето по оваа криза почнаа повторно да им веруваат на институциите во земјава. Меѓутоа, за да се реши она што следува по кризата потребно е да се направи национална стратегија, на тој начин што ќе заборавиме на политика и сите заеднички ќе дадеме свој придонес за здраво општество заклучува Стојановска Иванова.

The post Живот по коронавирусот: Стравот кај луѓето ќе остане, потребна е национална стратегија за здраво општество appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....