Фолк-пејачот Миле Китиќ (74), кој со децении е во брак со колешката Марта Савиќ, повторно ја привлече јавноста со своите признанија за љубовниот живот. Пејачот отворено зборувал за неверствата, откривајќи дека и покрај бракот имал други жени, а тврди и дека слично живеат голем дел од неговите колеги од музичката сцена.
Китиќ и Марта Савиќ имаат ќерка, Елена, а пејачот никогаш не криел дека во минатото имал бурен љубовен живот. Во една пригода дури и јавно признал дека ја изневерувал сопругата, без да се обидува да ги ублажи своите зборови.
„Не постои град во кој немав девојка. Еднаш имав и десет во исто време. Никогаш не сум плачел поради некого, бев млад. Се оженив млад, а и кога се оженив имав љубовница, ја имам и денес. Покрај Марта имам и друга“, изјавил пејачот.
Китиќ не застанал тука, туку зборувал и за љубовните навики на своите колеги од естрадата. Според него, паралелните врски и краткотрајните авантури не се реткост во музичкиот свет.
„Речиси сите мои колеги имаат паралелни врски, моментални авантури. Околу 80 отсто. Не можам да ги именувам. Одат на турнеја, ќе запознаат некоја жена и тоа е тоа. Ќе видат убава жена, па зошто да не? Тие жени се само попатни станици“, рекол Китиќ.
Пејачот претходно ја шокираше јавноста и со признание за наводно интимно искуство со жена од Чикаго, која му плаќала за сексуални односи.
Станува збор за жена по име Нада, за која Китиќ тврдел дека имала многу пари и дека со неа биле и други пејачи од помладата генерација.
„Со таа Нада од Чикаго беа половина од пејачите од помладата генерација. И покрај тоа што бев дете, морав да се напијам за да можам да легнам со неа. Имаше многу пари и плаќаше по 1.000 долари за интимен однос. Тоа го направив за десетка. Подоцна ми купи часовник од 7.000 долари, кој му го продадов на еден Ром за половина од цената“, раскажал Китиќ.
Неговите признанија повторно го отворија прашањето за неговиот бурен љубовен живот, за кој пејачот со години зборува без задршка.
