2.8 C
Скопје
05:56 - 19 април, 2024

Заев и Ахмети пред конечен договор за влада?

Лидерите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети на денешната лидерска средба се очекува да ги надминат сите пречки што ги раздвојуваа во постизборниот период и да се договорат повторно заедно да формираат влада како победнички партии на изборите од 15 јули. Конечен договор за формирање на новата влада се уште нема – според оптимистичките најави се очекува во најскоро време, а според уставните рокови треба да се постигне најдоцна до 2 септември.

Неизвесно е на кој начин денеска Заев ќе го убеди Ахмети да се откаже од идејата прв премиер Албанец да биде Насер Зибери, откако и двајцата зазедоа непопустливи позиции. Се очекува Ахмети да се откаже од Зибери ако за возврат добие други високи функции во извршната власт, но од друга страна албанската опозиција предупреди дека ДУИ од нив ќе има поддршка да владее само ако му обезбеди четиригодишен премиерски мандат на Зибери.

Се очекува конечен договор

Од СДСМ не откриваат каде и кога ќе се одржи средбата помеѓу Заев и Ахмети. Се очекува да буде на неутрален терен, со оглед на обвинувањата од ДУИ дека албанските партии чекале на милост во ходниците на македонските партии. Во партискотото седиште на СДСМ нагласуваат дека деновиве постигнале сериозен напредок во преговорите за формурање на влада, а лидерите денеска се очекува да постигнат и конерчен договор.

„Тимовите на СДСМ и ДУИ интензивно работеа на создавање брз и темелен коалициски договор уште во првите денови од уставно определениот рок од 20 дена после добивањето на мандатот. Во разговорите кои се водат на ниво на генерални секретари постигнат е сериозен напредок по однос на речиси сите прашања кои водат до договор за Влада. Со оглед на итноста и потребата од брзо ставање во целосна функција на клучните институции во државата заради справувањето со здравствените и економските предизвици поврзани со Ковид-19, во текот на утрешниот ден ќе се одржи лидерска средба меѓу претседателите Зоран Заев и Али Ахмети на која се очекува конечен договор за нова, стабилна, посветена влада со мандат од четири години. Имајќи ги предвид очекувањата за брз конечен договор, во текот на следните денови се надеваме дека ќе продолжи конститутивната седница за избор на претседател на Собранието. За сите нови информации од финалето на преговорите во јавноста ќе известуваат исклучиво официјални лица или прес-службите на партиите“, соопшти вчера СДСМ.

Владејачката партија деновиве повеќепати ја повика јавноста да се информира само од официјални извори, откако се појавија многу шпекулации за текот на преговорите, меѓу кои и таа дека паднал договор Заев да биде премиер три, Зибери една година од мандатот, а ДУИ да раковиоди со МВР и со УЈП, што СДСМ експресно го демантираше.

Викендов СДСМ и ДУИ соопштија дека имаат конструктивни средби на кои се договара стабилна влада која ќе истера четирогодишен мандат посветен на економијата, правдата, еднаквоста и интеграциите. Според партиите, постигната е и начелна согласност за тоа како ќе бидат распределени ресорите и функциите во новата влада, што ќе ги завземат „соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе ја реализираат владината програма“.

Кавга меѓу албанските партии

ДУИ деновиве „ја искара“ албанската опозиција дека им наштетува со своите ставови и постапки, односно дека им ги уништува преговарачките позиции. Според нив, опозицијата со недоаѓањето на повикот на Али Ахмети на „тркалезната маса“ на албанските партии се обидела да ја дефокусира јавноста од поразот и неуспехот и така да ја избегне одговорноста пред гласачите.

„Не претворајте го вашиот неуспех во неуспех на Албанците затоа што Албанците нема да ви простат и да го заборават ова недостоинствено однесување. Ослободете ја узурпираната албанска опозициска сцена и  отворете го патот за нови луѓе кои ќе водат здраво обединување на опозицијата во корист на сите“, соопшти викендов ДУИ.

Според Арбен Таравари од Алијансата за Албанците колаицијата меѓу СДСМ и ДУИ е завршена работа и тие заедно со пратеникот од ДПА Мендух Тачи ќе имаат влада поддржана од 62 пратеника.

– Согласно информациите кои ги имаме ние, веќе има коалиција меѓу СДСМ-ДУИ-ДПА, со мнозинство од 62 пратеника, а сега прават театар затоа што СДСМ вети дека нема да формира влада со ДУИ и дека се срами да биде со ДУИ во влада. ДУИ вети дека ќе има премиер Албанец, а сега прифатија да влезе во влада без премиер Албанец. Всушност, дури не е ни разговарано за премиер Албанец, така што ДУИ ќе влезе во влада без услови, само за да ги заштити криминалците од своите редови. Ова е информацијата која ја поседуваме. Ние неколкупати му рековме на господинот Ахмети, и продолжуваме да го повторуваме истото: дека со нашите 12 пратеници безрезервно ќе го поддржиме ако настојува во разговорите со која било македонска партија, било да е СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, да има премиер Албанец. Даваме безрезервна поддршка, но само за она што тој го рече, да има премиер Албанец 4 години – вели Таравари, според кого се неприфатливи пазарењата за премиер Албанец една годи

The post Заев и Ахмети пред конечен договор за влада? appeared first on Слободен печат.


Заев и Ахмети пред конечен договор за влада? was first posted on август 18, 2020 at 7:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....