17:24 - 4 мај, 2024

За колективен имунитет, колективно ќе се изначекаме

Заврши скринингот во Дебар што требаше да открие дали населението има колективен имунитет за коронавирусот. Од 2.342 дебарчани, само 35 лица имале антитела што укажуваат дека нивниот организам се изборил со вирусот. Од овие бројки јасно е дека нема колективен имунитет. Во Дебар само околу 2 процента од населението има антитела, а за да се смета дека населението има колективен имунитет, антитела треба да имаат околу шеесет проценти од граѓаните. Со ваквата слика на колективниот имунитет, многу голема е веројатноста наесен, кога се активираат сите респираторни инфекции, повторно да земе замав епидемијата на коронавирусот.

Во Дебар беше прогласена кризна состојба од 13 март до 13 април. Таму од почетокот на епидемијата беа регистрирани 51 заболен од коронавирус. Сите оздравеа.

Тестовите за детекција на антитела не покажуваат кога точно некој човек го имал коронавирусот, односно не може временски прецизно да се утврди во кој месец тоа се случило. Едниот тип антитела се кратки, другиот тип остануваат сигурно три месеци. Но, во светот на науката не е сигурно колку тие антитела навистина штитат од повторна инфекција. Исто така, детекцијата на антитело не е гаранција за имунитет, ниту пак може да се каже со сигурност на колкав период некој развил имунитет за вирусот. Според имунолозите, може да се влечат некои паралели со вируси од истата група, како вирусот на грип, САРС или МЕРС, за тоа колку може да трае имунитетот, но нема никаква гаранција дека истото важи и за ковид-19.

Вакцина против ковид-19 уште не е на повидок, иако на нејзиното создавање работат и европски земји и Америка. Има информации дека вакцина може да се очекува во 2021 година, зашто во моментот кога ќе се изготви некаков препарат, почнуваат клиничките студии што траат 6 до 9 месеци. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, неодамна изјави дека вакцината, кога еднаш ќе се тестира и одобри, треба да им биде достапна за сите.

Според министерот за здравство Венко Филипче, резултатите од скринингот во Дебар покажуваат дека не е добро да се прави масовен скрининг на целото население, како што се предлагаше, бидејќи и овој пилот-скрининг покажал дека за тоа е рано, односно дека сме далеку од колективен имунитет. Затоа, вели Филипче, општеството ќе мора да функционира според „новото свето тројство“, како што ги нарече носењето маска, одржувањето дистанца од 2 метра и задолжителната дезинфекција на рацете.

– Тоа ќе бидат трите работи околу кои ќе се движи целокупната организација на нашиот живот и функционирањето – рече Филипче.

Во Македонија бројот на пациенти со коронавирус се намалува, епидемијата спласнува и со тоа власта реши да ги олабави мерките, постепено. Градинките ќе работат, но со каков план, ќе се реши наредните денови. Таму, како што рече министерот, тешко е да се одржи ред, па затоа протоколите треба да се прецизни и да се изнајде некое навистина функционално решение, особено зашто граѓаните ќе почнат да одат на работа и некој ќе мора да им ги чува децата. Засега има само план дека може да се отворат рестораните и кафулињата и за почеток да работат само надвор со одржување на дистанцата. Во јавниот превоз ќе биде задолжително носење и проверка на заштитните маски.

The post За колективен имунитет, колективно ќе се изначекаме appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....