10.8 C
Скопје
10:56 - 18 април, 2024

Траги од живот откриени на „мртвата“ Венера

Во атмосферата на Венера е откриен гасот фосфин, кој на Земјата го има само како производ на бактерии, но астрономите категорично ја отфрлаат можноста дека на „сестрата-близначка“ на нашата планета има или имало услови за живот.

Присуството на фосфин на Венера, сепак, ги шокираше астрономите, бидејќи немаат одговор како е можно да се создал тој гас без присуство на бактерии.

На Земјата, фосфинот е запалив и отровен гас што го создаваат бактерии на кои не им е потребен кислород, како оние што живеат во мочуришта. Овој гас со мирис на расипана риба или лук можно е да се создаде и при распаѓање на органски материи. Но, освен по органски пат, не се познати други хемиски процеси што би можеле да произведат фосфин.

Венера е најблиска и најслична планета на нашата, но за неа астрономите знаат помалку отколку за Марс или за уште подалечните планети и крие многу мистерии под густата атмосфера. Венера е единствената планета што се врти околу својата оска обратно од сите други во Сончевиот Систем. Се претпоставува дека пред милиони години имала копно и океан, но со создавањето на густата атмосфера што ја заробува топлината, температурата на површината сега е доволно висока за да стопи олово. Пеколни се и густите облаци, кои содржат и до 90 отсто сулфурна киселина.

– Не е возможно да се создал живот во средина со толку висока концентрација на сулфурна киселина. Но, и другите геолошки и фотохемиски процеси за кои знаеме немаат капацитет да го создадат фосфинот што го откривме – вели професорката Џејн Гривс од Универзитетот Кардиф.

Фосфинот е откриен во горните слоеви на атмосферата на Венера, 50 километри над површината, во концентрација од 20 на милион молекули. Иако тоа се чини малку, пресметките на истражувачите покажале дека евентуалните вулкански ерупции, молњи, удари на метеорити и сите други познати природни процеси не можат да создадат толку фосфин.

Откритието сериозно го разниша значењето на фосфинот како биопечат за можен живот на друго небесно тело. Барањето одговори како се создал овој гас на Венера, веројатно ќе поттикне нови истражувања и вселенски мисии, кои сега се концентрирани кон Месечината и кон Марс.

 

The post Траги од живот откриени на „мртвата“ Венера appeared first on Слободен печат.


Траги од живот откриени на „мртвата“ Венера was first posted on септември 16, 2020 at 8:41 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....