13.8 C
Скопје
06:55 - 1 мај, 2024

ЕУ се наметнува како глобален заштитник на демократијата

Европската Унија ја презема водечката улога за промоција и заштита на демократијата низ светот, соопштија шефот на дипломатијата на ЕУ,  Жозеп Борел, и потпретседателката на Европска комисија задолжена за демократија Дубравка Шуица, по повод Меѓународниот ден на демократијата.

– ЕУ е заснована на силен ангажман за промоција и заштита на демократијата, заедно со човековите права и владеењето на законот. Без демократија, мир и стабилност не може да постојат долгорочен развој и просперитет – се наведува во заедничкото соопштение, јави МИА од Брисел.

Борел и Шуица ги поздравија и ги поддржаа сите низ светот што се борат за демократските вредности.

– Демократијата се соочува со предизвици, особено поради пандемијата со коронавирусот. Низ светот се кршат граѓанските слободи, се потиснуваат независните медиуми и новинари, а се поткопуваат демократските институции. Расте поларизацијата, додека се намалува довербата на луѓето во демократските институции – се посочува во соопштението.

Обраќајќи се пред европратениците спроти Европскиот совет на кој главна тема ќе биде Турција и тензиите со Грција, Борел предупреди дека „се враќаат големите империи од минатото“.

– Европа се соочува со ситуација во која големите империи се враќаат. Кина, Русија и Турција, големите империи од минатото, се враќаат со пристап кон нивното непосредно соседство, но и глобално и ова претставува нова средина за нас – изјави Борел.

Тој додаде дека се потребни дополнителни напори за смирување на тензиите помеѓу Турција и Грција во регионот на Средоземно Море, а повлекувањето на турскиот брод „Оруч реис“ го оцени како „потег во добар правец, кој дава надеж дека спорот ќе може да се реши преку дијалог“.

– Турција треба да се воздржи од еднострани потези. Тоа што се случуваше ова лето е неприфатливо и министрите за надворешни работи на ЕУ беа многу јасни дека без напредок ќе има последици врз односите помеѓу ЕУ и Турција – изјави Борел.

Високиот претставник истакна дека Турција во секој случај останува „клучен партнер“ за ЕУ, на пример за миграциските прашања.

Говорејќи, пак, за ситуацијата во Белорусија, Борел изјави дека ЕУ не го смета Александар Лукашенко за легитимен претседател на Белорусија.

– За ЕУ е јасно, сметаме дека изборите во Белорусија беа фалсификувани, и дека Лукашенко не е легитимен претседател на Белорусија – изјави Борел пред европратениците. ЕУ смета дека најдобро решение е да се повторат изборите во оваа земја под надзор на ОБСЕ.

Европската комисија издвои 53 милиони евра за поддршка на жртвите на насилството на белоруските власти.

 

Подготвил: Митко Билјаноски

The post ЕУ се наметнува како глобален заштитник на демократијата appeared first on Слободен печат.


ЕУ се наметнува како глобален заштитник на демократијата was first posted on септември 16, 2020 at 8:45 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....