16.8 C
Скопје
14:25 - 4 мај, 2024

Тони Ангеловски, МВР: Истечените пасоши и лични карти се валидни за време на вонредната состојба

Вонредната состојба донесе нови мерки и во поглед на личните документи. Ако поминала важноста на личната карта или пасошот, сепак документот е валиден за времетраењето на вонредната состојба. За ова владата донесе уредба со законска сила и таа важи. Откако ќе заврши вонредната состојба, граѓаните ќе имаат рок од 30 дена да ги обноват документите чија важност поминала. Околу личните карти и другите лични документи, Слободен печат поразговара со Тони Ангеловски, одговорен за односи со јавност во Министерството за внатрешни работи.

Како функционираат службите за вадење лични документи во МВР сега за време на вонредна
состојба? Кои документи граѓаните може да ги вадат одново на шалтер, а кои им се продолжуваат?
Какво е работното време на шалтерите за лични карти и возачки дозволи?

– И покрај вонредната состојба, службите за вадење на лични документи функционираат
редовно и им стојат на располагање на граѓаните за било кој документ што им е потребен, а е во
надлежност на МВР. Работното време за вадење лични документи е секој работен ден од 8 до 16
часот.

Имаше проблем со обрасците за пасоши. Дали е надминат и дали може да се аплицира за пасош
моментално, каква е процедурата за тоа?

– Проблемите со обрасците за пасоши се надминати и секој граѓанин може да аплицира и
тоа преку телефонскиот број 072 92 92 92 или електронски, преку интернет страницата на
МВР.

Во поглед на личните документи кои граѓаните веќе ги имаат, како возачки, лични карти и
пасоши чија важност е истечена, дали треба да дојдат во МВР да ги обноват или им важат за
време на вонредната состојба?

– За сите овие документи за кои прашувате Владата на РСМ донесе уредба со која го
продолжи нивното траење поради вонредната состојба во државата. Значи тие документи се
валидни и граѓаните немаат потреба да вадат нови додека трае вонредната состојба. По
завршувањето на вонредната состојба граѓаните на кои им истекла важноста на документот ќе
имаат 30 дена рок за да извадат нов документ.

Со каков интензитет се барањата за лични документи сега во МВР, дали работата е со зајакнат
или со послаб интензитет?

– Во периодот на вонредната состојба евидентно е дека е намален интензитетот на поднесување на
барања за лични документи, но МВР постапува по секое барање на граѓаните.

Постои ли можност да се впише името на новороденче на пасошот на родителот или веќе таа
можност е застарена? Каква е процедурата за вадење на прв патен документ за новороденче?

– Нема можност да се впише името на дете во пасош на родител. За патување детето
треба да има сопствен пасош. За да се извади пасош потребно е присуство на двата родитела и
од детето се земаат биометриски податоци со сликање во подрачна единица на МВР, по место на
живеење. Ако е прв пасош, на увид треба извод од матична книга.

The post Тони Ангеловски, МВР: Истечените пасоши и лични карти се валидни за време на вонредната состојба appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....