18.8 C
Скопје
23:00 - 19 мај, 2024

Свадбата на Богдановиќ го прегоре Твитер и го налути Филипче

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ викендов се ожени со својата избраничка Јелена Брауновиќ, која е наставничка во ОУ „Киро Глигоров“.

Двајцата се запознале на Косово па и затоа местото на венчавање беше манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Грачаница.

Слободен печат присуствуваше на свдабата на Богдановиќ, а фотографиите кои ги направивме на лице место, буквaлно го запалија Твитер. Твитерџиите особено ги инспирираше витезот на свадбата. Како што информираше нашата колешка Илинка Иљоска, „витезот од Грачаница“ е од витешкиот ред Црвен змеј кој датира од времето на српскиот крал Милутин и е ктитор на светилиштето изградено во времето на неговото владеење, односно во 1321 година.

Ви ги пренесуваме дел од коментарите на Твитер:

„А сега витезот ќе го сече прасето“,

„Сите се смеете на витезот, само јас гледам човек кој не е изложен на ризик од заразување. За мене дечкото веќе живее во 2025“,

„Витезот е од женска страна, тој на врата што седи кај невестата дома“,

„Кујзнае колку крцал витезот на жикино коло?“,

„Амди немаше Витез на свадбата пошо дур да заврши веселбата, кутриот ќе остане без грам железо на него“,

„Па како запнале ко они да не терале адети со витез кога симболично ја убива свекрвата додека не му даде пари“,

„Не тоа витез, тоа е инокс тенџере од кумот“,

„Сега Амди ќе пукне од мака кога ќе види дека Српче имал витез на свадба“,

„Еден витез го чекаме ние жените да не спаси и тој Српче ни го лапна“,

„Српче бе, Халувин на 31ви е“.

Но, на свадбата на Богдановиќ не реагираа само твитерџиите, туку и министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека политичарите секогаш треба да бидат пример за граѓаните кога станува збор за почитување на мерките, а не сред пандемија да прават свадби.

– Апсолутно ги осудувам свадбите кои се случија викендов. Ние сме тие кои треба да дадеме пример за граѓаните, особено во услови кога секој ден имаме голем број новозаболени и болничките капацитети се полнат – рече министерот.

По ова се јави и Богдановиќ кој беше дециден дека ги почитувале мерките и држеле дистанца за време на венчавката.

– Можеби пандемијата ќе трае три години, зар три години да останеме невенчани!? Нигде не се забранети црковни венчавки, ниту во Македонија. Имавме само 25 најблиски гости, родителите, кумовите и старосватите – изјави Богдановиќ за Сакамдакажам.

The post Свадбата на Богдановиќ го прегоре Твитер и го налути Филипче appeared first on Слободен печат.


Свадбата на Богдановиќ го прегоре Твитер и го налути Филипче was first posted on октомври 21, 2020 at 8:54 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....