13.8 C
Скопје
16:24 - 14 мај, 2024

Шекеринска со честитки до питомците: Дајте се од себе, помогнете ни да бидеме уште подобри

Денешниот ден е во духот на младоста и мотивацијата да се научи нешто ново и да се биде подобар. Да се влезе во суштината на воената академија, но и да се научи нешто ново, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска за време на свечената заклетва и на промоцијата на питомци на Воената академија ,,Михаило Апостолски” во Скопје.

– Армијата оправдано има најголема доверба кај граѓаните, а јас сум сигурна дека и вие ќе ја одбраните таа доверба, рече таа.

Шекеринска потоа упати честитки до примените питомци, истакнувајќи дека во оваа професија се ценат само квалитетите, а не име, нација, раса и пол.

– Северна Македонија е во НАТО и ќе продолжиме да работиме и натаму. Дајте се од себе, помогнете ни да бидеме уште подобри. Бидете пример и за вашите нови колеги кои се на самиот почеток – истакна Шекеринска.

– 18 жени и 22 мажи го почнуваат военото образование кои следните четири години ќе ја научат благодарноста на униформата. Нека биде тоа мотив да покажете дека сте еднакви со питомците. Секоја секунда помината овде учете како да бидете подобар офицер, заклучи министерката.

The post Шекеринска со честитки до питомците: Дајте се од себе, помогнете ни да бидеме уште подобри appeared first on Слободен печат.


Шекеринска со честитки до питомците: Дајте се од себе, помогнете ни да бидеме уште подобри was first posted on октомври 21, 2020 at 11:13 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....