21.8 C
Скопје
16:39 - 28 март, 2024

Предлогот на Дескоска на буниште: Партиите не ги даваат парите

Тешко дека партиите ќе се откажат од парите кои со консензус си ги доделија од Буџетот. Со Законот за политичките партии, партиите братски си делат над 4.5 милиони евра кои на годишно ниво ги добиваат од државата. Од нив, 30 отсто се за малите, а 70 отсто за големите партии.

Министерката за правда Рената Дескоска предложи, со уредба, политичките субјекти да се откажат од овие средства во интерес на борбата против заразата со коронавирусот. По изјаснувањето на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ за предлогот, вчера и ДУИ излезе со став. Високиот партиски функционер од редовите на интегративците, Бујар Османи на прашањето на Слободен печат дали за партијата е прифатлив прелогот на министерката за правда,  паратиите да се откажат од државните пари вели:

-Треба да престане лицитацијата со предлози во јавноста. Секој кој има предлог, тоа да го направи во Кризниот штаб или во Владата. Таму ќе се разгледаат и доколку се донесе одлука, секој ќе треба да се прилагоди на таа одлука независно кој е ставот на партиите. Мора да оставиме оваа криза да ја менаџираат институциите – рече Османи.

Претседателот на опозициската партија, Христијан Мицкоски ѝ порача на министерката Дескоска, на владина седница како прва точка да предложи владините функцонери да се откажат од илјадниците евра хонорари, надоместоци,  репрезентации, а како втора, откажувањето на партиите од овогодишното финансирање. Мицкоски вети дека министерот од ВМРО-ДПМНЕ безусловно ќе го поддржи нејзиниот предлог.

-Ние како ВМРО-ДПМНЕ и претходните претседателски избори и овие парламентарни избори ќе ги дочекаме како единствена политичка партија во Европа  која има незаконски замрзнат имот и без исплатени пари за тековно годишно функционрање на партијата. Очекувам пред оваа точка да ја стави точката со која ќе се донесе уредба со сила на законот каде што сите министри во Владата, заменици, државни секретари, именувани избрани лица, ќе се откажат од високите плати и да работат про боно до завршување на нивниот мандат – рече Мицкоски.

Од Министерството за правда на прашање на Слободен печат, дали добиле позитивни сигнали од партиите за предлогот да се откажат од парите, нѝ рекоа дека и понатаму стојат на ставот дека  Владата треба да го донесе тој акт.

– Ние сме подготвени, но како што видовме ВМРО-ДПМНЕ го отфрли предлогот и се жалеше дека се партија со замрзнат имот. Очекуваме поддршка од партиите за да може Владата да ја стави на дневен ред – велат во Министерството за правда.

Предлогот на Дескоска го поддржа СДСМ.

-Секако дека СДСМ како одговорна партија во овие сериозни времиња и предизвици за сите нас како граѓани. го поддржува предлогот на министерката за правда Рената Дескоска затоа што сметаме дека тоа е чин на солидарност и таква солидарност на дело треба да покажеме сите политички чинители во нашата држава – рече портапролот на СДСМ Костадин Костадинов.

Во јавноста за овој предлог досега ниту една друга партија не се произнесе.

Министерката Дескоска на својот фејсбук профил напиша дека очекува партиите да покажат солидарност на дело откажувајќи се од парите.

„Како министер за правда во чија надлежност е Законот за финансирање на политичките партии ќе предложам уредба со законска сила со која ќе се укине годишното финансирање на политичките партии кое треба да се исплати оваа година“, напиша Дескоска.

Партиите застапени во Собранието заедно го донесоа Законот за политичките партии со кој наместо 1,8 милиони евра како досега, од буџетот ќе добиваат 4,5 милиони евра на годишно ниво. Најмногу пари од државната каса им се поделиле на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија добила 1.180.000 евра, а најголемата опозициска партија 1.025.000 евра. На третото место според исплатената сума е партијата на Ахмети, ДУИ, со 441.000 евра, а далеку зад нив се БЕСА со 255.000 евра и Алијанса на Албанците којашто добила 245.000 евра. ГРОМ на Стевчо Јакимовски од парите на граѓаните оваа година добила 136.000 евра, а Сојузот на Ромите на Амди Бајрам 116.000 евра. Социјалистите на Ѕинго земале нешто помалку, односно 81.000 евра. Од партиите кои постојано се во коалиција со некоја од двете најголеми партии, НСДП искеширала 58.000 евра, ЛДП 63.000 евра, а ДОМ 54.000 евра.Дел од партиите кои добија пари оваа година немаат пратеници, ниту пак советници, но освоиле доволен процент гласови за да влезат во распределбата на парите од буџетот. Партијата на Власите партиципира со 11.800 евра, а Левица  со 94.500 евра.

The post Предлогот на Дескоска на буниште: Партиите не ги даваат парите appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....