11.8 C
Скопје
07:54 - 29 април, 2024

Пред 53 години засекогаш беше сменета грчката историја

На денешен ден, во 1967 година, генералот на грчката армија Стилијанос Патакос заедно со своите соработници изведе државен удар и ја презеде власта во Грција.

Военот удар беше изведен на само неколку недели пред закажаните парламентарни избори во Грција. Насилното преземање на власта од страна на грчката армија траеше до  1974 година и овој период се смета за еден од најмрачните во поновата грчка историја.

Историските причини кои доведоа до државниот удар датираат од време на крајот на Втората светска војна. Комунистичките сили за време на Граѓанската војна беа поразени. Во војната која траеше од 1946 до 1949 година победија силите на антикомунистите. Тие, голем број од своите политички опоненти ги затворија, а дел ги принудија да ја напуштат државата.

Дел од грчките историчари сметаат дека последиците од Граѓанската војна во Грција негативно влијаеле врз граѓаните,бидејќи во наредните децении, дошло до големи разлики меѓу десните и левите политички партии во Грција.

Грчката армија распореди тенкови и војска во престолнината Атина со цел да ја преземе власта во Грција. Беа уапсени неистомилсениците и политичарите, противници на воената хунта. Самата воена хунта организираше воен суд пред кој можеше да се најде секој кој беше обвинет од воената хунта без притоа да обезбеди судски налог за судењето.

Во тие години во Грција владееше грчкиот крал Константин кој официјално е евидентиран како последниот крал на Грција.Тој потекнуваше од данското кралско семејство. Константин ја напушти Грција во 1968 година во налетот на воената хунта која му се закануваше дека ќе го уапси.

Воената хунта организраше и референдум на кој граѓаните се изјаснуваа дали се монархија или република. Со одлука на мнозинството граѓани на Грција, монархијата престана да постои во 1973 година, од кога е прогласена Република Грција.

Воената хунта на власт беше до 1974 година кога и официјално власта ѝ ја предаде на демократски избраната влада на Грција.

Неколку децении подоцна, врз основа на голем број на истражувања, дојдено е до сознанија дека американската разузнавачка организација ЦИА стоела зад државниот удар во Грција.

Поради овие сознанија во 1999 година, тогашниот американски претседател Бил Клинтон јавно ѝ се извини на Грција во име на САД.

 

The post Пред 53 години засекогаш беше сменета грчката историја appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....