12.8 C
Скопје
05:07 - 15 мај, 2024

Светот трага по лек или вакцина против Ковид-19: Се развиваат 155 лекови и 79 вакцини, која е вистинската комбинација против пандемијата?

Во борбата против коронавирусот во целиот свет, во овој момент, се развиваат вкупно 155 лекови и 79 вакцини, соопшти австрискиот Институт за медицинска технологија (АИХТА), кој ги собра овие податоци.

Виенскиот институт кој е специјализиран за поддршка на научните одлуки во секторот здравство, блиску соработуваше со европските колеги во овој преглед, пренесува Н1.

Повеќето од 155 -те лекови во развој за Ковид-19 веќе се одобрени за други вирусни инфекции. Од 79 кандидати за вакцина ниту една не ја помина фазата на развој. Изгледа дека епруветите на овој свет моментално постојат само за коронавирусот.

Фармацевтските и биотехничките компании, универзитетските институти, истражувачките установи и клиники ширум светот вложуваат големи срдства во истражување и развој на лекови и вакцини за борба против пандемијата.

Докторката Клаудиа Вилд, шефица на АИХТА и нејзиниот тим идентификуваа вкупно 155 лекови чие дејство во овој момент се тестира против вирусот САРС-КоВ-2 т.е. болеста Ковид-19.

Сите се засноваат на еден или повеќе познати антивирусни средства: Ремдесивир, Лопинавир и Ритонавир, Фавипирвир, Дарунавир, хлорокин фосфат, Хидроксиклорокин, Камостат Месилат, АПН01, Тоциликумаб, Сарилумаб и Интерферон бета 1а.

„Бидејќи повеќето од овие лекови се веќе одобрени за други индикации, меѓународните регулатори нагласуваат дека се потребни силни докази за клучните студии“, истакна д-р Вилд.

За да го засили ова тврдење, Европската агенција за лекови (ЕМА) исто така основаше својата работна гурпа за Ковид -19.

Сите 79 кандидати за вакцина кои АИХТА ги идентификуваше во ХСС се поделени во три вида вакцини: живи вакцини – со ославени видови вирус, мртви вакцини – со вирусни протеини и вакцини на база на ген – со специфична ДНК или мРНК.

Повеќето од овие проекти се уште е во фаза на развој и се уште не се одобрени. 11 лекови и осум кандидати за вакцини се издвоија во развојот и се сметаат за посебно перспективни во страучната литература, укажува АИХТА.

Извештајот на АИХТА е од драгоцена помош во одлучувањето во моментот кога здравствените системи мора да го изберат најсоодветниот лек или вакцина против Ковид-19 од широкиот спектар.

The post Светот трага по лек или вакцина против Ковид-19: Се развиваат 155 лекови и 79 вакцини, која е вистинската комбинација против пандемијата? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....