12.8 C
Скопје
03:44 - 17 мај, 2024

Повторно прогласена епидемија на територијата на Црна Гора, воведени нови привремени мерки

Црногорското Национално координативно тело за заразни болести (НКТ) повторно прогласи епидемија на коронавирусот на територијата на цела Црна Гора, на предлог на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, соопшти Владата на Црна Гора.

Во согласност со тоа, од денеска, се воведуваат неколку нови привремени мерки, вклучително и задолжителното носење заштитни маски на отворен и затворен простор на целата територија на Црна Гора, а обврската важи и за деца постари од седум години.

Маските не се задолжителни на плажите и во националните паркови, под услов да се одржува физичко растојание и претходно пропишани мерки.

„Собирања се ограничени на целата државна територија на максимум 40 лица на отворени јавни места и на 20 лица во затворен простор, со обврска да се почитува физичкото растојание од најмалку два метра.

Исто така се наведува дека поради екстремно високиот епидемиолошки ризик од одредени собири, примената на мерките донесени на 30 јуни, што се однесуваат на забраната за работа на диско клубови / барови и ноќни клубови, како и организирање свадби, матура и роденденски забави, е продолжена до 6 август.

Примената на мерките донесени на 7 јули, со кои се забранува одржување на забавна и музичка програма во угостителските објекти и прекинување на работата на првостепените социјално-медицински комисии од областа на социјалната и заштитата на децата во центрите за социјална работа, е продолжена до 30 јули.

Кога станува збор за одделни делови на земјата, НКТ донесе олеснителни мерки за некои и построги мерки за други, во зависност од епидемиолошката состојба.

The post Повторно прогласена епидемија на територијата на Црна Гора, воведени нови привремени мерки appeared first on Слободен печат.


Повторно прогласена епидемија на територијата на Црна Гора, воведени нови привремени мерки was first posted on јули 22, 2020 at 8:00 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....