Данијела Мартиновиќ и нејзиниот партнер Јосип Плавиќ се при крај со реновирањето на нивниот заеднички дом, а овој процес, наместо вообичаените несогласувања, само потврдил колку е хармонично нивното секојдневие, без повишени тонови.
„Јосип не се кара. Кај него тоа воопшто не постои. Тој никогаш не го повишува гласот. За него сè е во ред, сè е добро. Тоа е таква леснотија на постоењето што е навистина неверојатна. Јас само го погледнувам и си помислувам: Боже, ти благодарам!“, изјавила таа за „Ин магазин“.
Љубовната приказна на Данијела Мартиновиќ и Јосип Плавиќ започна како филмски заплет. По раскинувањето на долгогодишната врска со Петар Грашо, пејачката неочекувано пронајде мир и ново животно прибежиште покрај поранешниот полициски инспектор од Загреб и музичар.
Јавноста дозна за нивната врска на почетокот на 2023 година, а двојката набргу престана да ја крие. Градскиот метеж и станот во Загреб решија да ги заменат со помирен живот во природа.
Се преселија во семејна куќа во околината на Загреб, во Штакоровец, во близина на Дуго Село, која заеднички ја преуредуија и ја претворија во сопствена зелена оаза.
