17.5 C
Скопје
01:44 - 10 јули, 2026

Пациентот во ГОБ „8 Септември”, кој беше тргнат од респиратор, е во добра здравствена состојба

Триесет и седумгодишниот пациент со Ковид-19, кој вчера беше тргнат од респираторна машина во Градската општа болница „8 Септември”, е во добра здравствена состојба, изјави за МИА директорот на болницата, Христијан Костов.

Од почетокот на епидемијата, досега, ова е прв пациент од државава, кој поради влошена здравствена состојба 12 дена бил на респиратор, а сега веќе нема потреба од таква асистенција.

– Пациентот сам дише, зборува, свесен е. Веројатно така и ќе продолжи. Ако е во добра состојба уште 24 часа ќе биде преместен од Интензивна нега на Оддел. Пациентот неколку дена прима озонска терапија, има протокол на лекување и му даваат антибиотици и антиинфламаторни лекови, рече д-р Костов.

Посочи дека имаат уште тројца пациенти со Ковид-19, кои се на респираторна машина и на кои им даваат терапија со озон. Засега, додаде д-р Костов, тие не даваат знаци дека може да бидат тргнати од респиратор.

The post Пациентот во ГОБ „8 Септември”, кој беше тргнат од респиратор, е во добра здравствена состојба appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....