19.8 C
Скопје
15:54 - 20 април, 2024

Јунко Табеи, првата жена која го освоила Монт Еверест и прва жена која ги искачила седумте највисоки врвови на седум континенти

Јунко Истибаши, била родена во 1939 година, како петто од вкупно седум деца во семејство кое живеело во земјоделскиот град Михара, недалеку од Фукушима. За планинарење се заинтересирала уште на рана возраст, на 10-годишна возраст била со училишните пријатели на излет во Националниот парк Нико и оттогаш се вљубила во планините.

– Ме изненадија сувите, камени брда и потокот со жешка вода. Ме шокираше студениот воздух на планина, зашто беше лето. Сфатив дека постојат многу нешта на овој свет кои не сум ги видела и дека е забавно да се учи од сопственото искуство, рекла Јунко.

Иако овој настан оставил големо влијание на неа, била свесна дека поради сиромаштијата мора да се посвети на образованието, за подоцна полесно да си најде работа. Студирала англиски јазик и американска книжевност на Женскиот универзитет во Токио. Откако ги завршила студиите, 1962., се придружила на планинарска група за да најде партнер/ка и пригоди за планинарски излети. Меѓутоа, во тие групи членувале главно мажи, кои ентузијазмот на Јунко погрешно го толкувале како желба да си најде сопруг, а не да ја истражува природата.

facebook

Но, Јунко не дозволила ваквите конзервативни ставови да ја спречат. Продолжила да планинари, а за да си го овозможи ова скапо хоби, работела напорно како уредничка во едно научно списание, а држела и часови по клавир и англиски јазик.

До средината на 60-те години, ги освоила сите најголеми врвови во Јапонија, вклучувајќи го и Фуџи.

Кога била на опасната планина Танигава, го запознала својот иден сопруг, кој исто така бил планинар, Масанобу Табеи. Мајката на Јунко не го одобрувала бракот, зашто Масанобу немал завршено факултет. Но Јунко била пресреќна бидејќи нашла некој со кого може да ја дели страста за природата и планините. Масанобу ја поддржал кога неколку години подоцна дала отказ на работа за целосно да им се посвети на планините.

Во 1969 година основала планинарски клуб за жени, а мотото гласело – „Ајде да одиме сами на експедиција во странство!“. Во тоа време во јапонија се сметало дека на жената ѝ е местото во кујната, па дури и на професионално поле жените работеле главно како секретарки или помошнички. Поради смелите ставови, женскиот планинарски клуб често бил подложен на критики и потсмев и тешко наоѓал спонзори.

facebook

Но Јунко не била оптоварена со предрасуди и била посветена на своите соништа. Членките на клубот ги носела на различни експедиции, вклучувајќи го и првото женско искачување на Анапурна 3 во Непал. Поради различни фактори, Анапурна бил најголем предизвик, температурата била многу ниска што фотоапаратите се расипале, опремата била претешка, а жените планинарки се бореле со висинската болест и напорното темпо. И покрај тоа, стигнале на врвот. Пред нив, врвот бил освоен само еднаш и тоа по друга рута.

После Анапурна, женскиот клуб повеќе пати од непалската влада барал дозвола за качување на Монт Еверест. Но поради многу ограничениот број на дозволи, но и поради тешкотии во изнаоѓање на спонзори, морале да чекаат пет години. Сите ги предупредувале дека жени не можат да одат сами на Еверест. Групата, предводена од Еико Хисано, конечно тргнала на експедиција, пролетта 1975. На висина од 6.300 метри едвај извлекле жива глава кога нивниот камп бил уништен од лавина. Биле спасени од локалните шерпаси и морале да направат пауза од неколку дена за да се опорават. Сепак, успешно го освоиле врвот Монт Еверест на 16.мај. Јунко, со поддршка на шерпасот Анг Церинг, станала прва жена која успеала да се искачи на Монт Еверест. Имала 35 години, а дома ја чекала двегодишна ќеркичка.

Кога се качила на врвот, Јунко со олеснување помислила – „Уф, не морам веќе да се качувам“. Во тоа време објаснувала – „Врвот е многу тесен и остар. Погледот на рамните тибетански падини и непалските мразови беше импресивен. Тогаш не знаев дека киеска експедиција, во која имало и жени, се искачуваат од другата страна кон врвот. Стигнале на врвот 11 дена подоцна“.

facebook

По освојувањето на Монт Еверест веќе било полесно да се дојде до спонзори. Но Јунко не ја интересирале славата и медиумската експонираност, туку само планинарењето. Во 1992 година урнала нов рекор, станувајќи прва жена која се искачила на таканаречените седум врвови – највисоки планини на сите седум континенти.

Во 2000-та година се вратила на факултет, запишувајќи постдипломски студии по животна околина. Била критична кон туризмот кој се раширил околу Еверест и загрижена поради отпадот на планините. По завршување на студиите станала претседателка на организацијата Himalayan Adventure Trust Japan, со цел заштита и чување на животната околина.

Во 2012 година и бил дијагностициран карцином, но тоа не ја спречило да продолжи да се занимава со планинарство.

– Ги сакам планините. Сакам да одам таму каде што претходно не сум била. Сега имам 76 години и сум се искачила на највисоките врвови во 76 земји. Имам рак, но сеедно сакам да продолжам да планинарам“, изјавила.

Летото, 2016 година, водела група составена од млади кои биле погодени од несреќа во нуклеарна електрана во Фукушима, на експедиција на Монт Фуџи.

Починала во октомври, 2016.

The post Јунко Табеи, првата жена која го освоила Монт Еверест и прва жена која ги искачила седумте највисоки врвови на седум континенти appeared first on Слободен печат.


Јунко Табеи, првата жена која го освоила Монт Еверест и прва жена која ги искачила седумте највисоки врвови на седум континенти was first posted on август 1, 2020 at 8:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....