23.8 C
Скопје
19:23 - 29 април, 2024

Италија се топи на температури од 45 степени, а во Америка живата во термометарот се искачи и до 50!

Во Италија денеска на сила е црвен метео аларм за 14 градови како предупредување за екстремно високите температури, а на Сардинија се очекуваат рекордни 45 степени.

Со денешниот црвен метео аларм се опфатени четири градови повеќе отколку вчера.

Поради високите температури се стравува од пожари, особено на Сицилија – пренесува „Танјуг“.

Топлотниот бран од северот на Африка вчера во Италија донесе температури до 40 степени, а 10 градови биле означени со црвена боја, која предупредува на екстремно високите температури.

Според билтенот на Министерството за здравје на Италија, алармот вчера се активираше во Рим, Болоња, Торино, Фиренца, Кампобасу, Пескара, како и градовите Ријети, Фрозиноне, Болкано и Перуџа.

Како што е наведено, бура и грмотевици се очекуваат следната недела во централниот дле на Италија.

И во САД овој викед во сила е предупредувањето за опасно жешкиот бран, особено во југозападните предели, каде се очекуваат температури и до 50 степени целзиусови, соопштила Националната метеоролошка служба.

Истата служба истакнала дека особено тешка ситуација се очекува на југот на Калифорнија.

Температури до 49 степен се очекуваат и во делови на државата Јута, Ариозна, Невада, вкучувајќи го и градот Лас Вегас – пренесува агенцијата „Срна“.

The post Италија се топи на температури од 45 степени, а во Америка живата во термометарот се искачи и до 50! appeared first on Слободен печат.


Италија се топи на температури од 45 степени, а во Америка живата во термометарот се искачи и до 50! was first posted on август 1, 2020 at 6:30 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....