13.8 C
Скопје
02:51 - 1 мај, 2024

ИРАНЦИТЕ ГИ ОКУПИРАА ЛЕТУВАЛИШТАТА: Отпатуваа на море откако дознаа дека топлото време и УВ-зраците го убиваат коронавирусот

Иранците го избраа најдобриот, но и најбезболниот начин да се заштитат од коронавирусот. Десетина илјади граѓани од оваа земја во изминатите недели ги „окупираа“ летувалиштата на Каспиското и Персиското Море, по советите на светските здравствени експерти дека топлото време и ултравиолетовите зраци во убиваат овој вирус. Иранските хотелиери ги „тријат рацете“ бидејќи не очекувале толку голем профит во овој дел од годината, пренесува српски „Курир“. 

Граѓаните на Исламската Република имаат доверба во својата медицина, па ги послушаа советите на лекарите и епидемиолозите, дека морската клима, УВ-зраците и топлото време се услови во кои коронавирусот не може да преживее ниту неколку минути.

За потсетување, светскиот експерт Јонас Нилсен, наведува дека коронавирусот може да преживее најдоцна до летото, а дека е реално да се очекува до крајот на април истиот потполно да биде неутрализиран.

– Топлото време не е погодно за коронавирусот. Настинките се почести во зимата бидејќи ниските температури ја ладат мембраната во носот што му овозможува влезот на вирусот во телото – наведува експертот.

Коронавирусот е чувствителен на топлина. Вирусот е умерено стабилен на четири степени и може да се чува неколку години на -60 степени. Меѓутоа, како што температурата расте, отпорноста на вирусот опаѓа, но мора да се достигне одредена температура во одредено време за вирусот да биде неактивен.

Неодамнешните изјави на професорот Николс од Одделението за патологија на Универзитетот во Хонгконг, укажуваат дека верува оти временските услови ќе бидат клучен фактор во рушење на коронавирусот.

Професорот Џон Николс, од Одделението за патологија на Универзитетот во Хонгконг, укажува на тоа дека верува оти временските услови ќе бидат клучен фактор во рушење на коронавирусот.

Тој вели дека коронавирусот не може да издржи да се размножува за време на летото, нагласувајќи дека речиси половина од вирусите ќе бидат мртви, а остатокот ќе изумрат како што ќе стануваат се послаби и послаби од сонцето.

„Сончевата светлина за 50 отсто ќе ја намали способноста на вирусот да расте, па така неговиот живот ќе биде две и пол минути. Сончевата светлина навистина е добра за убивање на вирусот“, додаде тој и рече: „Што се однесува до температурата, вирусот може да остане недопрен на четири или на 10 степени за време на подолг временски период. Но на 30 степени тој буквално се деактивира. Исто така високата влажност на воздухот не му е погодна на вирусот“.

Кога иранскта влада најави дека училиштата и јавните установи ќе бидат затворени од 23 февруари за да се сузбие ширење на коронавирусот во Иран, многу жители на Техеран преземаа мерки за претпазливост и останаа дома, пренесува „Asia Times“.

Но, илјадници други луѓе заминаа во северната провинција Гилан, на брегот на Каспиското Море, барајќи одмор од престолнината погодена од вируси, и со желба за кампување и свеж воздух.

The post ИРАНЦИТЕ ГИ ОКУПИРАА ЛЕТУВАЛИШТАТА: Отпатуваа на море откако дознаа дека топлото време и УВ-зраците го убиваат коронавирусот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....