5.8 C
Скопје
01:38 - 1 април, 2026

Погледнете како преполната загребска Арена во еден глас со Лепа Брена ја пееше „Југословенка“ (ВИДЕО)

Лепа Брена синоќа пред преполната загребска Арена изведе некои од своите најголеми хитови, меѓу кои беше и песната „Југословенка“.

Загрепска ,,Арена“ беше преполна, а сите во еден глас го пееја нејзиниот хит ,,Ја сам Југословенка“.

Интересно е што публиката ги пееше едногласно сите нејзини песни, а ,,Арена Загреб“ направи неколку видео материјали од концертот, пласирани на нивниот ЈуТјуб канал.

Брена одбележа 35 години од својата кариера.

„Јас сум веројатно последната Југословенка. И да, јас сум носталгична, бидејќи тоа беше време кое мене како уметник ме издигна, време во кое функционираше законот и правото, и време кога сите бевме во подобра економска, социјална и општествена ситуација. Кога императив ни беше да се забавуваме, а не да преживееме. И доколку ме прашате, ДА, јас и понатака во срцето сум Југословенка“, изјави Брена.

Брена синоќа во Загреб настапи прв пат по десет години, а поради големиот интерес организаторите додадоа уште еден концерт кој ќе се одржи вечерва, 15 декември.

Слични објави

(Видео) Едноставна техника за фарбање јајца која дава волшебен резултат

Еспресо

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) „Љубов моја, воину на светлината“: Јована Јеремиќ јавно му се обрати на Тигар, сè „пука“ од емоции

Еспресо

Хороскоп за 20 март: Девици, изнанедете ја саканата личност со романтична вечера

Еспресо

(Фото+видео) Како во Холивуд: Маја Шупут приреди спектакл за петтиот роденден на својот син

Еспресо

Тејана Тејлор во центар на скандал на Оскарите: Камерите ја фатија како вика по маж во ходникот

apostolova
Се вчитува....