17.8 C
Скопје
16:49 - 18 октомври, 2026

Тејана Тејлор во центар на скандал на Оскарите: Камерите ја фатија како вика по маж во ходникот

Американската актерка Тејана Тејлор привлече големо внимание на годинашното доделување на Оскарите. Иако со својата комбинација го засени црвениот тепих, дел од јавноста ја критикуваше поради реакцијата кога не ја доби наградата за најдобра споредна женска улога.

Наградата на крајот ѝ припадна на актерката Ејми Медиган, а според многумина, реакцијата на Тејлор била претерана. Камерите ја забележале како скока од своето место и аплаудира со кренати раце над главата, што на социјалните мрежи предизвика поделени реакции.

„Тејана Тејлор глуми среќа“, „Зошто се однесува како да не плаче внатре?“ – беа дел од коментарите на корисниците на платформата Икс.

Експертката за говор на телото Џуди Џејмс за „Дејли мејл“ изјави дека реакциите на Тејлор и на Ел Фанинг биле „претерана изведба на емоции“. Според неа, и двете актерки се обиделе да го сокријат разочарувањето поради поразот, покажувајќи ентузијазам кој вообичаено го демонстрираат победниците.

По церемонијата следел уште еден момент кој не поминал незабележано. Во видео кое брзо стана вирално, снимeно во преполниот ходник на Долби театар, Тејлор може да се види како се расправа со маж за кого тврди дека ја турнал.

Видно вознемирена, таа му се обратила со зборовите: „Вие сте маж кој става раце на жена. Многу сте безобразни“. Потоа им објаснила на луѓето околу неа дека мажот ја оттурнал додека се обидувала да помине низ толпата.

И покрај контроверзиите, Тејлор зад себе има успешна сезона на награди. Таа ја освои наградата за најдобра споредна актерка на Златни глобуси за улогата во филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another), а доби и номинации за наградите Критикс Чојс, БАФТА и НААКП имиџ авордс. Номинацијата за Оскар беше прва во нејзината кариера.

Слични објави

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо
Се вчитува....