14.8 C
Скопје
07:18 - 22 септември, 2026

„Тоа беше нејзината одмазда“: Пејач останал сам во шума поради Лепа Брена, го оставиле таму по лет со хеликоптер

Пејачот Даниел Поповиќ откри необична приказна од снимањето на спотот за песната „Југословенка“, која ја изведе Лепа Брена.

Тој раскажа дека за време на снимањето бил оставен сам во дивината на Дурмитор речиси три часа, што, според него, било своевидна „одмазда“ поради настаните поврзани со изборот за песна на Евровизија во 1983 година.

Според Поповиќ, со мал хеликоптер бил однесен во планината за да се сними сцена за спотот.

„Никогаш нема да го заборавам снимањето на ‘Југословенка’. Со мал хеликоптер ме однесоа на Дурмитор, ме спуштија и ми рекоа: ‘Ние само ќе прелетаме, а ти мавни со рака и тоа е тоа’. Но нив ги немаше три часа. Седев таму во дивината и размислував – тука има волци и мечки. Се засолнив под еден камен и чекав дали воопшто ќе се вратат“, раскажал пејачот.

Кога по три часа хеликоптерот повторно се појавил, Поповиќ вели дека од среќа почнал да мавта со рацете, а екипата му кажала дека „одлично одглумил“.

„За да биде одмаздата уште поголема, ме спуштаа и по стрмни падини во Црна Гора. Навистина се изнаживеав страв. Никогаш повеќе не дозволив некој да ме убеди да влезам во хеликоптер“, изјавил Поповиќ.

Целата приказна, како што тврди пејачот, започнала по изборот за претставник на поранешна Југославија на Евровизија во 1983 година.

Тогаш Даниел Поповиќ победи на националниот избор „Југовизија“ со песната „Џули“ и ја претставуваше Југославија во Минхен. Многумина, пак, очекуваа дека победата ќе ѝ припадне на Лепа Брена со песната „Ситније, Циле, ситније“, компонирана од Корнелије Ковач.

Во тоа време Брена беше огромна ѕвезда, па нејзиниот пораз предизвика големи реакции во јавноста. Песната „Ситније, Циле, ситније“ со денови се емитуваше на радиостаниците, а многумина сметаа дека токму таа требало да ја претставува Југославија на Евровизија.

Самата Брена подоцна изјави дека уште пред да биде прогласен победникот имала чувство дека нешто не е во ред.

„Новинарите ме издигнаа на пиедестал и тоа создаде отпор кај некои луѓе во жирито. Кога дојдов на проба, сите ме прашуваа дали ги спакував куферите за Минхен. Прво ми беше смешно, а потоа горчливо“, изјавила тогаш пејачката.

И покрај поразот, Брена истакна дека најголемата поддршка ја добила од публиката.

„Добив многу поени, но не од жирито – туку од народот. Мојот пораз се претвори во славје“, изјавила таа.

Слични објави

(Видео) Македонката Тамара издоминира на „Ѕвездите на Гранд“, жирито остана без зборови

Еспресо

„Бев оставена на подот да искрвавам“: Јована Јеремиќ „удри“ по поранешниот Драган Станковиќ, сака да му се одмазди

Еспресо

Гола обожавателка го чекала Здравко Чолиќ во креветот: Пејачката ги откри деталите од скандалозната сцена

Еспресо

Некогаш немаа многу, денес заедно во Лондон: Слаткар отпатува со брат му Стефан

Еспресо

„Се молат мама и очувот“: Џина Џиновиќ се огласи по враќањето во Белград, една работа посебно ѝ падна тешко

E.A.

„Немам јас 11 години да ми наредуваш“: Жесток судир меѓу Карлеуша и Зорица Брунцлик во „Пинкови ѕвезди“

E.A.
Се вчитува....