15:15 - 24 ноември, 2026

(Фото) „Љубов моја, воину на светлината“: Јована Јеремиќ јавно му се обрати на Тигар, сè „пука“ од емоции

Водителката Јована Јеремиќ објави емотивна објава за својот свршеник Милош Стојановиќ Тигар, кој синоќа победи во боксерски меч и јавно му ја искажа својата љубов.

Јована, која неодамна се сврши со Тигар, се огласи на својот инстаграм-профил по неговата победа во боксерскиот меч, каде што сподели галерија со фотографии од борбата, не криејќи колку е горда на својот партнер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

Заедно со серија фотографии, таа му испрати силни и романтични зборови на поддршка што предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници.

„Битката прво се добива во главата, а потоа на бојното поле. Горда сум на тебе. На твојот труд, посветеност, жртва, спартанска дисциплина. На твојата волја, сила на духот и верата. На твојата работа. Љубов моја, воину на светлината, засекогаш блескај со твојот уникатен сјај на вечен победник, бидејќи кој бара светлина, секогаш наоѓа светлина. Те сакам“, напиша водителката.

Нејзината објава брзо стана вирална, а бројни обожаватели ѝ честитаа во коментарите и ѝ испратија зборови на поддршка, како за нејзината емотивна исповед, така и за успехот на Тигар.

Слични објави

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.

(Фото) Ќеркичката на Филип Талески наполни четири години — роденденска прослава со „Мечињата со добро срце“

К.С.

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С

(Фото) Цеце Николова вљубена и среќна на Кипар — ужива со саканиот Јане во Аја Напа

apostolova
Се вчитува....