10.8 C
Скопје
00:55 - 14 октомври, 2026

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Ако вашите лалиња брзо овенуваат во вазна, постои едноставен трик што може да им го продолжи животот. Едукаторката за градини и советничка Бети по спроведен експеримент откри кој метод навистина функционира.

Таа на својот инстаграм-профил @blueacregarden ги сподели резултатите, со цел да помогне „брзо да се спасат овенатите лалиња“.

Експериментот го започнала со букет наведнати лалиња, при што ставила по две стебленца во четири различни вазни и ги набљудувала точно шест дена.

Во првата вазна додала вотка, во втората ставила монети, во третата направила мала дупка на стеблото со игла, додека четвртата била контролна – само вода, без никакви додатоци.

Сите лалиња биле свежо потсечени пред почетокот на експериментот и поставени на исто сончево место во кујната.

Резултатите биле изненадувачки.

Најлошо се покажала вазната со вотка.

„Лалињата од вотката буквално пропаднаа. Цветовите беа тажни, овенати и без живот, а стебленцата немаа никаква сила“, објасни Бети.

Иако на почетокот впивале прилично вода, по неколку дена тоа престанало и растенијата почнале да пропаѓаат.

Следна била контролната група, која поминала малку подобро – стеблата биле делумно цврсти, но се наведнувале преку вазната, а листовите немале доволно цврстина.

Методата со монети дала подобри резултати – лалињата сè уште имале сила во стеблата и листовите.

Сепак, јасен победник била третата метода – со игла, за која се потребни само три минути.

„Направив мало дупче за воздух веднаш под цветовите на лалињата“, објасни Бети. „Така вашите лалиња ќе останат исправени, високи и цврсти.“

Според неа, оваа техника ги надминува сите други популарни совети за одржување на лалиња во вазна.

Со прободување на стеблото, се овозможува ослободување на воздушните меурчиња кои можат да се задржат во растението. Така, лалињата подобро ја впиваат водата и остануваат свежи подолго време.

Слични објави

Хаос на српската естрадата: Дечкото на Мина Костиќ, Каспер, ја тужи Јована Јеремиќ!

apostolova

Ава Карабатиќ се смири со бившиот што ја претепа: „Планираме дете“

Еспресо

(Фото) Станот на Данијела Димитровска изгледа како приватен моден салон: Има посебна витрина за скапоцени чанти

apostolova

(Фото) Оваа убавица е новата девојка на Марко Јариќ? Поранешниот кошаркар излезе на вечера со ќерките и партнерката

Еспресо

Тарик Филиповиќ објави ретка фотографија со синот Арман – уживаа на посебно место

Еспресо

(Видео) Ханка Палдум откри што најмногу ја боли: За жал, не сум во добри односи со мојот син

Еспресо
Се вчитува....