13.8 C
Скопје
12:07 - 18 октомври, 2026

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Кели Озборн се огласи по веста дека ја раскинала веридбата со музичарот Сид Вилсон  и тоа со објава на која нејзиниот тригодишен син Сидни има пелена на главата.

Ќерката на Ози Озборн на социјалните мрежи сподели сцена од тежок ден: таа и пријателката Киники го забавуваат малиот Сидни, кој се бори со конјунктивитис, додека сите тројца позираат со пелени на главите.

Објавата дојде неколку дена откако се појавија информации дека Кели и Сид, по четири години врска и веридба, се разделиле. Последен пат заедно се појавија во јавноста на доделувањето на Греми наградите во февруари.

Во описот на фотографијата Кели напиша: „Малиот има конјунктивитис, па се обидуваме да го расположиме. Фала му на Бога, веќе му е подобро!“ Нема збор за раскинувањето, ниту драматични пораки – само мајка што се грижи за своето дете.

Двајцата се познаваат повеќе од дваесет години, благодарение на нејзиниот татко, а врската ја започнале во јануари 2022 година. Сид Вилсон, ди-џеј и член на познатиот метал бенд, ја запросил Кели зад сцената на прошталниот концерт на Ози „Назад кон почетокот“ во Англија, само неколку недели пред смртта на легендарниот рокер од срцев удар.

Нивната врска не била без проблеми. Кели во еден разговор откри дека имале сериозна расправија околу презимето на нивниот син. Таа сакала детето да ги носи двете презимиња, додека Сид првично се противел. По разговори и партнерска терапија, на крајот прифатил, па Сидни денес ги има презимињата на двајцата родители.

Пред раскинувањето, Кели јавно им се спротивстави на навредливите коментари за нејзиниот изглед по смртта на татко ѝ. Таа напиша дека е особено сурово да се напаѓа некој кога очигледно поминува низ тежок период. Додаде дека се соочува со најтешката фаза во својот живот и дека нема да дозволи да биде обезличена.

Слични објави

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.
Се вчитува....