14:39 - 7 септември, 2026

Ова е таткото на Биба Додева, со емотивно видео ги разнежи сите

Дека „крушата под круша паѓа“ потврди видеото кое го објави Димитар Јанев, таткото на пејачката Биба Додева.

Димитар Јанев објави видео во кое свири гитара и со многу емоции пее убава народна песна.

„Еве една заедничка песна со Ице Постојанов и јас, песната се вика ‘Изгор’. Поздрав, слушнете кој сака“, напиша Димитар во објавата, покажувајќи дека музичкиот талент очигледно е дел од семејната традиција.


Многумина ќе кажат дека токму од својот татко Биба ја наследила љубовта кон музиката и силната емоција во интерпретацијата. Димитар Јанев и порано знаел да сподели музички изведби, а неговото последно видео предизвика позитивни реакции кај пријателите и следбениците.

Биба Додева со години важи за една од најквалитетните вокали на домашната сцена, но јавноста ја препознава и по нејзината искреност кога станува збор за животните предизвици. Нејзината мајка почина од канцер во 2017 година.

Две години по загубата на мајка си, Додева носталгично се потсети на неа. Барајќи стари рецепти за готвење, Биба наишла на тефтерот на својата мајка во која ги запишувала своите специјалитети.

„Си го најдов тефтерот со рецепти од мама. Да ви кажам, ништо до сега не ми побудило такви спомени како ‘комизброд’, ‘милиброд’ од мама (баба ми Верче), ‘куглоф од Лена’ (најдобрата другарка на мама), ‘баклава со суви смокви’ (од Цуна вујна ми). Фала ти мамо за ова најскапо наследство. Денес ќе готвам по тие рецепти иако секогаш знаеше да кажеш ‘моја Биби никогаш не готви по рецепти”, се присети Биба на мајка си.

„Ми фалиш мамо. Понекогаш толку многу боли, па не сакам ни да помислам дека не си со нас повеќе и си ја голтам тагата во себе, стискам заби и ќутам. Зошто ако проговорам колку ме боли што не си со мене и си признаам на себе, ќе се распаднам. Ама се држам.. Се држам за Емче и Алекс и се трудам да бидам добра мајка и баба како ти што беше за мене и за Емче“, напиша пејачката во друга прилика.

Слични објави

Катарина Живковиќ откри дека посакува уште едно дете: „Подготвена сум за второ“

apostolova

Каролина Гочева го донесе холивудскиот гламур во Скопје: Блесна во бела креација покрај Хосе Карерас

Еспресо

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо

Новинарот Сунаи Сабриоски: Прилеп нема центар, туку срце што отчукува

Еспресо

Јована Јеремиќ се огласи откако сопственик на дуќан ѝ „подари половина продавница“

E.A.

„Немаше финансии да ме поддржи, но ме туркаше напред“: Ивона Јо со нераскажана приказна за покојниот татко

Еспресо
Се вчитува....