05:10 - 9 ноември, 2026

МИНИ ЌОФТИЊА ВО ДОМАТЕН СОС И МАКАРОНИ – Од кујната на Давор Панчевски

Барате одлична идеја за тоа што да подготвите за вечера или за утрешниот ручек?

Овие мини ќофтенца искомбинирани со доматен сос и мини макарони се одлична комбинација на вкусови.

Потребни состојки:

За ќофтенцата:

250 гр. Мелено месо1 лажичка сенф

1 јајце

1/2 главица кромид ситно исечкана

1/2 лажичка лук во прав

Свежо исечкан магдоноссол и мелен црн пипер по вкус

3 лажици лебни трошки

2 лажици масло за јадење

1 лажица пармезан ситно изрендан

Мини макарони сварени

350 мл. Доматен сос

2 лажички суво оригано

Резанки морков

100 гр. грашок од конзерва

Свеж магдонос за декорација

ПОДГОТОВКА

Во сад измешајте ги сите состојки потребни за ќофтенцата и оформете мали ќофтенца. Пржете ги во тава на загреано масло на средна температура околу 10 минути. Додајте го доматниот сос и сварените мини макарони. Додајте оригано и резанки морков и гответе со повремено промешување околу 7 минути. Сервирајте во чинија.

фото – приватна архива
фото – приватна архива

Добар апетит и забавно готвење!

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....