30.4 C
Скопје
16:33 - 10 јули, 2026

КАКО ВИЛИЈАМ И КЕЈТ ГИ ДИСЦИПЛИНИРААТ СВОИТЕ ДЕЦА: Специфична техника која ја фалат сите стручњаци

кралско семејство

Очигледно трите деца на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон имаат многу убави манири и добро се однесуваат во јавноста. Џорџ, Шарлот и Луис сепак се само деца, па понекогаш запаѓаат во неволја, а начинот на кој Вилијам и Кејт ги дисциплинираат е многу специфичен.

Експертите го анализираа родителскиот стил на Вилијам и Кејт

Секој родител има свои техники за дисциплинирање и воспитување на своето дете, а своја техника имаат и Кејт и Вилијам.

Според куќните правила на Кембриџ, тие се одлучуваат за тактиката „кауч за разговор“.

Но, како изгледа оваа метода? Кога ќе се случи кавга или неков вид на спор, Кејт или Вилијам го носат детето во друга соба за да разговараат за неговото, односно нејзиното однесување. Ваква техника користат многу родители и веруваат дека на овој начин ќе му помогнат на детето јасно да сфати зошто се дисциплинира.

Освен тоа, отворање на дијалог меѓу детето и родителите, како тоа што го прават Вилијам и Кејт, може да му овозмои на детето да ги искаже своите чувства, а истовремено родителите да објаснат што детето направило и зошто тоа не е добро. Ваквиот дијалог често создава понатамошна мирна атмосфера.

Нагласување на последици од лошо однесување без поткревање на глас

Кога ги дисциплинираат своите деца, откриено е дека Кејт и Вилијам се одлучни во нагласување на сите последици од лошото однесување, но никогаш не го поткреваат гласот. Често кога родителите викаат, детето се сретнува со фрустрација што може дополнително да ја разгори атмосферата. Мирното разговарање со своите деца, но со цврст тон, е одличен начин да ја смирите ситуацијата, а својата порака да ја пренесете на јасен и прецизен начин.

Ова се смета за една од најдобрите техники на дисциплинирање во родителството зашто им овозможува на сите страни да ги изразат своите чувства и меѓусбно да се разберат. На детето му станува јасно што направило, а родителите објаснуваат зошто тоа не е прифатливо.

Слични објави

„Многу ми е жал…“: Прво огласување на Мина Костиќ по пеколот низ кој помина и сместувањето во психијатриска клиника

Еспресо

Босна и Херцеговина нема да настапи на Евровизија ни во 2027 година

Еспресо

(Фото) Му прекипе на Бајага — го навреди следбеникот со „примитивен коњ“ по жестока расправија на Инстаграм

Еспресо

Соседите на Јаков Јозиновиќ го „разврзаа“ јазикот за младиот пејач: „Тој отсекогаш беше…“

Еспресо

(Фото) Анѓелка Стевиќ Жугиќ во љубовен занес со сопругот – не може да ја сокрие среќата

Еспресо

(Фото) По ослободителната пресуда, Северина се појави во бикини на плажа во Сплит

Еспресо
Се вчитува....