16:24 - 8 ноември, 2026

ТРИ ПОЗИТИВНИ ПРОМЕНИ: Ќе ги почувствувате откако ќе се откажете од белиот леб барем на еден месец!

Лебот за многумина е омилена намирница без која не можат да го замислат ниеден оброк. Оваа бомба од јагленохидрати доаѓа во различни форми од кои некои се штетни за нашето тело и линија, додека други заслужуваат пофалба.

Дознајте што се случува во вашето тело ако од исхраната сосема го исфрлите белиот леб.

Ќе ги загубите килограмите предизвикани од водата

Преполн е со јагленохидрати, а откако нагло ќе ги исфрлите истите од вашата навика, на вашето тело ќе се забележи речиси моментални губењето на килограми. Не станува збор за „инстант“ слабеење туку за губење на вода „врзана“ во телото.

Нема постојано да бидете гладни

Преработените јагленохидрати со кои е преполн лебот во организмот предизвикуваат нагло подигнување на шеќерот во крвта кој потоа многу брзо паѓа. Овие „луди“ промени на мозокот му испраќаат нејасни сигнали кои го зголемуваат чувството за глад и желба за храна поради која се дебелееме. Но, тоа не значи дека од вашата исхрана морате во потполност да го исфрлите лебот, туку белиот леб да го замените со „хроно“ леб направен од цели житарки кој го регулира шеќерот во крвта.

Ќе ви порасне енегријата

За разлика од интегралниот леб или црниот леб, белиот не содржи влакна кои се заслужни за нормално работење на цревата, а со тоа и ја регулираат пробавата. Белиот леб предизвикува „запек“ и проблеми со варењето на храна. Откако ќе го исфрлите од исхраната белиот леб, а наместо него ќе го протежирате црниот леб, организмот почнува нормално да функционира. Исто така, јагленохидратите се храна и гориво за мозокот. Ако се квалитетни, мозокот ќе работи нормално, но ако храната не е здрава, телото реагира негативно и се појавува чувство на замор.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....