16:45 - 27 ноември, 2026

САГ НАГРАДИ: „Несреќа“ на црвениот тепих за Селена Гомез, се сопна од високите потпетици!

Актерката и пејачка Селена Гомез се сопна на црвениот тепих директно пред фотографите.

За време на нејзиниот прв настан во 2022 година, САГ наградите, на Селена Гомез ѝ се случи непријатна ситуација. Имено, таа се појави на бината боса, во црн плишан фустан, а многумина останаа збунети.

На снимките се гледа моментот кога Селена го поткрева фустанот и јасно покажува дека не носи чевли.

Многумина се прашуваа што ѝ се случило на 29-годишната ѕвезда која за доделувањето на наградите одбрала фустан од „Оскар дела Рента“ и чевли од „Кристијан Лубутен“.

А, потоа сè стана појасно…

Гомез се сопнала на црвениот тепих токму поради високите потпетици што ги носела и тоа директно пред објективите на фотографите. Не само што ѝ се скршила потпетицата туку малку го повредила и стапалото поради што одлучила на бината да се појави боса.

фото-јутјуб

 

Слични објави

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо
Се вчитува....