15:15 - 27 ноември, 2026

(ФОТО) ПОРАНЕШНАТА МИС НА УКРАИНА ПОЗИРА СО ПУШКА: Анастасија Лена неодамна позираше со цвеќе, а сега повика на одбрана на Украина!

Поранешната мис на Украина, Анастасија Лена, објави на својот Инстаграм профил фотографија на која позира со пушка во рака.

Неодамна позираше со цвеќе, а сега со пушка, фото-Инстаграм

Лена победила на изборот за убавина во 2015 година.

Невообичаено за една мисица, убавата Анастасија е вешта со оружје бидејќи неколку пати се натпреварувала во ерсофт. Сега таа позира на Инстаграм со пушка и повикува на одбрана на Украина.

Лена не е единствената манекенка која го коментираше конфликтот. Руската манекенка и поранешен модел на „Викторија Сикрет“, Наталија Водијанова, на својот Инстаграм профил исто така ја коментираше ситуацијата и истакна дека „жените ќе го понесат најголемиот товар“.

„Како мајка, моето срце е насочено кон сите мајки кои ги трпат последиците од неодамнешните настани во Украина и кон сите оние кои се погодени од овој конфликт. Жените ќе го сносат најголемиот товар од овој конфликт и сакам да знаат дека не се сами. Не можам да помогнам сама, но како заедница можеме многу“, напиша таа.

 

Слични објави

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.
Се вчитува....