11.8 C
Скопје
08:48 - 4 мај, 2024

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (28.февруари-6.март): Биковите да не одложуваат, сè подобро за Близнаците, нерпијатни вести за Лавовите…

неделен хороскоп

Оваа недела и планетата Марс и планетата Венера ќе го напуштат знакот Јарец и ќе влезат во знакот Водолија. А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

Овен: уште малку трпение

Уште една недела стрпете се зашто почнувајќи од следната недела работите дефинитивно ќе тргнат на подобро за вашиот знак! Од 6-ти март и планетата Венера и планетата Марс ќе престанат да ви создаваат пречки и ќе се вратат активни во ваша корист: за неколку дена ќе можете да си ја вратите енергијата, а на работен план конечно ќе може да се „одмаздите“! Супер среќна Месечина ќе имате во сабота и недела, искористете ја за убави љубовни моменти.

Бик: не одложувајте!

Обидете се да ја искористите максимално оваа недела кога се уште ја имате огромната поддршка од Венера и Марс: почнувајќи од следната недела, за жал, двете планети ќе ви го свртат грбот и може да почувствувате малку повеќе физички замор. Во вашиот љубовен живот пак, исто така од следната недела, може да се појават тензии со партнерот. Затоа, токму оваа недела искористете ја да ги изгладите односите и да разговарате со партнерот.

Близнаци: сè подобро!

Пристигнуваат прекрасни вести за вашиот знак! Почнувајќи од недела, планетата Венера и планетата Марс ќе се вратат активни во ваша корист: во следните неколку недели не само што ќе почувствувате враќање на енергијата , туку ќе пристигнат и добри вести на љубовен план! Во меѓувреме, внимавајте на нервозната Месечина во среда и четврток кога лесно би можеле да избувнете и да влезете во кавги.

Рак: дојде вистинското време за вас!

Конечно дојде вистинскиот момент – по месеци тегобност со Венера во опозиција, почнувајќи од недела планетата на љубовта ќе престане да делува против вас! Малку по малку ќе можете да го вратите спокојството во областа на чувствата и, ако сте сами, пред вас се нови интересни средби, а доколку сте во пар – ќе имате прекрасни моменти со партнерот и врската ќе стане постабилна. Дури ни Марс повеќе нема да биде во опозција што значи дека одеднаш ќе почувствувате големо враќање на енергијата.

Лав: непријатни вести

Оваа недела за жал пристигнуваат не баш пријатни вести за вашиот знак: почнувајќи од недела и планетата Венера и планетата Марс ќе влезат во опозиција со вашиот знак. Тоа значи дека за вас, и од физички и од психолошки аспект започнува прилично тежок период: ќе ви биде тешко особено о областа на чувствата. Во меѓувреме, фокусирајте се на среќните месечеви денови – петок и сабота.

Девица: решете ги проблемите веднаш!

До недела ќе ги имате активни на ваша страна и планетата Марс и планетата Венера и ќе работат во ваша корист: ако треба да се занимавате со важна тема на работното место, или пак со партнерот, не чекајте! Во следните недели, комуникацијата можеби нема да биде толку лесна. Во среда и четврток, Месечината во опозиција  ќе ве направи особено нервозни и несоодветно ќе се однесувате. Среќен ден – недела.

Вага: обновување на енергијата!

Пристигнуваат одлични вести за вашиот знак! Конечно, планетата Венера, откако помина многу долго во „нерпијателскиот“ за вас знак – Јарец, повторно е активна во ваша корист: љубовта поради која толку многу патевте во последните неколку недели, сега ќе ви се насмевне! Дури и Марс, почнувајќи од недела, се враќа да делува поволно за вас: ќе почувствувате одлично закрепнување. Тешки денови со Месечина во опозиција се петок и сабота.

Скорпија: неповолни транзити

Оваа недела и планетата Венера и планетата Марс ќе бидат во неповолни транзити за вашиот знак: во следниот период би можеле да почувствувате големи тензии во вашиот љубовен живот и често ќе се чувствувате нерасположени. Денот недела ќе биде особено тежок и поради Месечината во опозиција. Среќни денови – среда и четврток.

Стрелец: многу повеќе енергија!

Оваа недела – почнувајќи од недела – и планетата Венера и планетата Марс ќе се вратат активни во ваша корист, подготвени да ви донесат многу повеќе енергија и убави изненадувања од сентиментална гледна точка! Во меѓувреме, уживајте во прекрасната среќна Месечина во понеделник, вторник, петок и сабота. Неповолен ден е среда,  кога може да се случи некоја непредвидлива работа.

Јарец: збогум, Венера!

Оваа недела Венера – откако со месеци престојуваше во вашиот знак – за жал, ве напушта. Минатиот период беше исклучително важен во однос на вашите чувства и сигурно во наредните недели ќе продолжите да го чувствувате поволното влијание на оваа планета. Обрнете внимание на деновите петок и сабота, кога Месечината во неповолна положба може да ви донесе непријатно изненадување.Среќен ден – недела.

Водолија: добредојдовте Марс и Венера!

Дали сте подготвени да ги пречекате и Марс и Венера во вашиот знак? За вас започнува суперсреќен период што се однесува до чувствата! Марс од своја страна ќе ви гарантира физичка подготвеност и енергија. Меркур, веќе неколку недели престојува во вашиот знак, а тоа значи дека би можел да ви донесе интересни вести дури и на работното место… Со вакво ѕвездено небо, не плашете се да ја искористоте секоја можност, успехот е загрантиран!

Риби: одлично!

До недела можете да сметате на благотворното влијание на Венера и Марс во знакот Јарец, подготвени да ви дадат голема енергија, но и голема среќа во сентименталната сфера. Деновите среда и четврток ќе бидат особено среќни благодарение на прекрасната Месечина во вашиот знак. Јупитер пак, од своја страна, гарантира успех на работното место – наскоро би можело да пристигне неочекувано признание!

Слични објави

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо
Се вчитува....