17.8 C
Скопје
12:49 - 26 април, 2024

Борисов вели дека ветото за Македонија не е од инает, туку е принципиелно и ги отсликува очекувањата на сите Бугари!

Бугарија отсекогаш беше една од земјите кои најмногу инсистираа на европската интеграција на Република Северна Македонија и на другите држави од Западен Балкан, објави бугарскиот премиер Бојко Борисов на Фејсбук.

– Бугарија силно ја поддржа Република Северна Македонија за влез во НАТО. Отсекогаш сме биле исклучително добронамерни и јасно кажавме до каде може да одат нашите компромиси. Формиравме и заедничка историска комисја, во која експертите требаше да ги решаваат спорните прашања само со аргументи. Со вицепремиерите Захариева и Каракачанов одржавме десетици средби во потрага по решенија. Дадовме се од себе да не бидеме државата која ќе каже „не” на стартот на преговорите со Република Северна Македонија, наведува Борисов во објавата.

Сепак, според него, властите во земјава мислеле дека со притисок и лобирање, ќе може да се промени бугарската позиција.

– Нашата позиција не од инает, туку е принципиелна и ги отсликува очекувањата на сите Бугари. Се разбира, подготвени сме да ги продолжиме разговорите, продолжуваме да го почитуваме Договорот за добрососедство. Сепак, очекуваме да ја видиме истата посветеност и од другата страна, додава Борисов во објавата.

Слични објави

(Фото) Раста има посебен гостин во болница: Не сака да се експонира

еспресо

Пејачка почина среде концерт, се сопнала од фустанот: Фатален удар на главата

еспресо

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо

Српските естрадни ѕвезди се простуваат од Џаро: „Патувај легендо, мами ги ѕвездите на небото“

еспресо
Се вчитува....