9.8 C
Скопје
23:18 - 19 октомври, 2026

СРПСКИ, ХРВАТСКИ, БОСАНСКИ И СЛОВЕНЕЧКИ ИСТОРИЧАРИ И ПРОФЕСОРИ ПОТПИШУВААТ ПЕТИЦИЈА ШТО ЌЕ ЈА ИСПРАТАТ ВО БРИСЕЛ: Стоп за злоупотребата на Македонија од Бугарија!

Угледни историчари и професори од регионот се обединуваат против злоупотребата на историјата со која Владата на Република Бугарија ги блокираше преговорите меѓу Брисел и Скопје и ја попречи интеграцијата на Македонија  во ЕУ. Групата историчари од постјугословенските земји иницираше потпишување на Декларација „Да ја одбраниме историјата“ и испрати протест, кој го пренесуваме во целост.

Протест против злоупотребата на историјата во процесот на европските интеграции на Северна Македонија

Судирите околу историјата и историските симболи одново се важна политичка тема во Југоисточна Европа. Последните месеци владата на Република Бугарија се заканува со блокада на преговорите меѓу Брисел и Скопје, барајќи од Северна Македонија да ја прифати „историската вистина“ дека македонскиот идентитет и јазик имаат бугарски корени и дека македонската нација ја создале Тито и Коминтерната.

Тргнувајќи од ставовите изразени во Декларацијата „Да ја одбраниме историјата“ ние потписниците на ова писмо изразуваме протест и осуда на овој случај на историски ревизионизам и злоупотреба на историјата во политички цели.

Сметаме дека таквиот пристап е опасен не само за историајта како хуманистичка дисциплина, туку и за демократијата и просперитетот на регионите, но и на самата Европска Унија. Наметнувањето на „историските вистини“ е неприфатливо и опасно. Создавањето на македонската нација не се разликува од начините на кои настанале сите други нации, а правото на самоопределување е основно човеково право.

Затоа бараме од историчарите во Северна Македонија и Бугарија, но и во сите земји од регионот, да бидат професионални и да се спротивстват на злоупотребите на својата дисциплина. Од политичарите бараме да водат одговорни политики, да не ги поддржуваат историчарите кои поттикнуваат националистички конфликти и да не вршат притисоци кои доведеуваат до фалсификување на минатото.

Од европските институции и држави бараме да реагираат на злоупотребата на историјата, почитувајќи ги основните принципи на Европската унија кои овие денови на Балканот и во Европа се загрозени, како што се различноста, антифашизмот и демократијата. Европската унија е создадена како лек протв сите лоши искуства од минатото и затоа не дозволуваме со искривување на историјата да се уништуваат принципите на кои се темели идејата за обединета Европа.

Ние, потписниците на ова писмо им даваме поддршка на интелектуалците и историчарите во Северна Македонија и Бугарија отворено да се спротивстават на политичките притисоци и да се борат за заштита на својата професија и професионалните стандарди.

Само солидарни можеме да ги совладаме сериозните препреки кои стојат пред нас!“

Оваа петиција досега ја потпишаа следните професори по историски науки: 

Проф. д-р Дубравка Стојановиќ, Универзитет во Белград

Проф. д-р Хуснија Камберовиќ, Универзитет во Сараево

Проф. д-р Твртко Јаковима, Универзитет во Загреб

Проф. д-р  Боже Репе, Универзитет во Љубљана

Доц. д-р Сњежана Корен, Универзитет во Загреб

Доц. д-р Аднан Прекиќ, Универзитет на Црна Гора

Д-р Миливој Бешлин, Универзитет во Белград

Проф. д-р  Дамир Агичиќ, Универзитет во Загреб

Доц. д-р Момир Самарџиќ, Универзитет во Нови Сад

Д-р Олга Манојловиќ Пинтар, Институт за понова историја на Србија Белград

Проф. д-р  Хрвоје Класиќ, Универзитет во Загреб

Проф. д-р Радина Вучетиќ, Универзитет во Белград

Д-р Срѓан Милошевиќ, историчар, Белград

Д-р Александар Р. Милетиќ, историчар, Институт за понова историја на Србија, Центар за историски студии и дијалог, Белград

Вељко Станиќ, историчар, Белград

Петар Жарковиќ, историчар, Белград

Потписниците најавуваат дека протестот ќе биде испратен до Брисел и на други адреси.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....