01:09 - 8 ноември, 2026

(Фото) Водителот Дамјан откри дека има две мајки – ова е целата приказна

Водителот Дамјан Дренковски откри дека има две мајки. Дренковски, кој неодамна се ожени и се пресели во Америка сподели интересна објава на Инстаграм.

– Среќен е оној кој има две мајки. Денес е родена мојата втора небиолошка мајка Лила Филиповска. Среќен роденден, и најдоброто допрва доаѓа.

За уште многу незаборавни патувања и бесценети моменти заедно – напишал Дамјан, а ова инстаграм-приказна ја споделила и Лила.

Ова е објавено на роденденот на Лила Филиповска, нашата позната водителка и инфлуенсерка која наполни 54 години.

Дренковски се ожени во Америка со својата сакана Александра Огненовска на крајот од септември, а за убавите вести на социјалните мрежи се пофали Лила Филиповска, негова блиска другарка.

Претходно, Александра објави видео на кое го покажа свршеничкиот прстен откривајќи ѝ на јавноста дека тој ја прашал дали ќе му биде сопруга, а таа со радост прифатила. Двојката веќе неколку месеци живее во Америка и споделуваат интересни видеа од нивните заеднички патувања.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....