12:46 - 9 ноември, 2026

(Фото) Ги истакна облините: Ќерката на Наташа Беквалац се врати во Србија и одма се „фрли“ на вежбање

Ќерката на пејачката Наташа Беквалац и поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ, Хана Икодиновиќ,  се врати во Србија од Шпанија.

Хана неодамна се пресели во Мадрид, каде што студира психологија, а по слетувањето во Белград, ја пречека нејзината мајка, додека моментите од средбата веднаш завршија на социјалните мрежи.

Во нејзината последна објава на Инстаграм, наследничката на Наташа покажа облека за вежбање, што веднаш предизвика многу коментари.

На сликата ја гледаме Хана во црн топ, кој го истакнува нејзиниот гол стомак, додека носи патики, па очигледно е дека не трошела време и решила веднаш да се „фрли“ на вежбање.

Да ве потсетиме, Наташа еднаш изјави дали е строга мајка.

– Хана сега би дошла на мојот концерт. Да ја прашав порано, немаше. Се однесува важно. Катја е мала за концерти и настани. Хана отиде на фестивал во Белград ова лето. Јас го поддржав тоа. Многу се грижам кога Хана излегува некаде. Важно е секогаш да бидам сигурна каде е и што прави. Секогаш се договараме кога ќе се врати. Важно е да не ја загрози мојата доверба враќајќи се половина час подоцна од договореното време – рече Наташа.

Слични објави

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.
Се вчитува....