7.8 C
Скопје
06:16 - 22 април, 2026

(ВИДЕО) СТИНГ ГИ ПРОДАДЕ ПРАВАТА НА СВОЈАТА МУЗИКА: „Јуниверсал“ е новиот сопственик

Стинг го продава својот музички каталог, вклучително и хитовите со „The Police“ и како соло изведувач, придружувајќи се на групата ѕвезди кои заработуваат од инвеститори кои гледаат вредност во лиценцирањето на нивните песни, пренесува „Associated Press“.

Музичко-издавачката компанија „Universal“-Јуниверсал во четвртокот соопшти дека го купила каталогот, вклучувајќи ги „Every Breath You Take“, „Roxanne“ и „Fields of Gold“. Подробности од договорот не се објавени, но според „New York Times“, тој вреди 250 милиони долари.

ЗОШТО ТОЛКУ ВРЕДАТ: Брус Спрингстин ги продаде правата на својата музика за 500 милиони долари

Во последниве месеци, Боб Дилан, Брус Спрингстин, Пол Сајмон, Стиви Никс, Нил Јанг и други ги продадоа своите песни, каталози на напишани песни или и двете. Купувачите обично добиваат трајно право да ги користат песните или снимките на изведувачот во реклами, филмови, телевизиски емисии и други формати.

Цените ретко се објавуваат, но експертите од музичката индустрија ја проценуваат продажбата на Спрингстин на Sony Music Entertainment во декември на 550 милиони долари, а договорот на Дилан истиот месец со Universal Music Publishing Group е помеѓу 300 и 500 милиони долари.

УШТЕ ЕДНА МИЛИОНСКА МУЗИЧКА ЗДЕЛКА: Боб Дилан го продаде целиот снимен музички каталот на Сони

Слични објави

(Фото) Сузана Манчиќ изненади со торта со бројот 50 – поранешната лото девојка прослави пола век кариера

Еспресо

(Фото) Голем букет со цвеќе ѝ пристигна на Цеца! Пејачката доби и необично писмо, зборовите ја трогнаа

Еспресо

Знаете ли колку е богата Сидни Свини?

Т.Ц.

„Како да не се мои деца“: Ела Дворник проговори за своите ќерки кои не живеат со неа

Еспресо

Марија Кулиќ примена во болница: „Ќе бидам тука додека не ги направам сите анализи“

Еспресо

(Фото+видео) Сите трансформации на Северина: Како изгледала пејачката пред 36 години?

Еспресо
Се вчитува....