04:22 - 15 ноември, 2026

(Видео) Снимката од смртта на сцена на славниот музичар се шири на социјалните мрежи: Срцев удар пред публика

Познатиот кубански пејач и текстописец Хуан Карлос Формел почина на 60-годишна возраст.

Како што пренесува „Дејли мејл“, тој доживеал срцев удар додека бил на сцена, за време на настап во Њујорк на 26 мај.

Формел беше син на музичката легенда Хуан Формел. Тој е роден во Куба, но во 1993 година се преселил во Њујорк, а откако татко му починал во 2014 година, го зазема неговото место како басист во афро-кубанската група „Лос Ван Ван“.

Неговиот брат Самуел е тапанар во споменатиот бенд, додека неговата сестра Ванеса е пејачка. Тие заедно настапувале во Бронкс, кога Хуан Карлос ненадејно се срушил во близина на завесата на задниот дел од бината, откако доживеал срцев удар.

Бендот направи пауза од половина час, а потоа излезе пред публиката и кажа дека басистот има здравствени проблеми, а потоа свиреа уште еден час за да ги испочитуваат присутните, се наведува понатаму во написот на „дејли меил“.

Покојниот Хуан Карлос потекнува од семејство на одлични музичари, бидејќи речиси сите негови предци биле ѕвезди во оваа уметност.

Доказ за неговиот талент е фактот дека тој беше номиниран за Греми во 2000 година за неговиот деби албум „Songs from a Litlle Blue House“.

Слични објави

(Фото) Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ повторно се следат на Инстаграм

Еспресо

Саша Матиќ има мултимилионски недвижности: Поседува вила од 18 век вредна 2 милиони евра, стан во Дипломатското село и во Златибор, а има и бизнис вреден 35 милиони

Еспресо

Голема прослава во домот на Дадо Полумента: планира свадба следната година, а сега се огласи за посебен повод

Еспресо

Поранешниот свекор на Сузана Јовановиќ откри детали од нејзиниот прв брак: „Се зедоа по само петнаесет дена, но несогласувањата брзо излегоа на површина“

Е.А.

Новогодишни хонорари на балканските ѕвезди: Здравко Чолиќ и Цеца на врвот на листата за најлудата ноќ

Е.А.

Бресквица со емотивна објава за новиот партнер: „Ти дадов збор дека ова е засекогаш“

Е.А.
Се вчитува....