Иако јавноста најмногу ја памети Сузана Јовановиќ по нејзиниот долгогодишен и складен брак со починатиот Саша Поповиќ, пејачката пред него имаше уште едно брачно искуство со музичарот Раде Здравковиќ, со кого го доби синот Данијел.
Таткото на нејзиниот поранешен сопруг, Жиле Здравковиќ, своевремено се присети на тој период и отворено раскажа како изгледал нивниот заеднички живот под ист покрив. Според неговите зборови, нивната приказна започнала спонтано, за време на заедничките настапи, а одлуката за брак била донесена исклучително брзо:
„Мојот син и таа се запознаа додека настапуваа, сè се случи многу набрзина. Не поминаа ни петнаесет дена, а тие веќе се зедоа. Додека не почна да живее со нас, сè изгледаше прекрасно, но потоа на виделина излегоа разликите во карактерите“, раскажа тој.
Жиле истакна дека меѓу нив немало отворени кавги пред семејството, но напнатоста и несогласувањата во секојдневието тешко можеле да се сокријат:
„Беше многу љубоморна и своја. Често спиеја во одвоени соби, а се хранеа главно по ресторани бидејќи таа не готвеше. Кога беше расположена разговараше со нас, а кога не беше, се повлекуваше во себе како да не постоиме. За да направиме свадба го продадов тракторот, а подоцна односите целосно се нарушија“, се присети поранешниот свекор, додавајќи дека најмногу жали што по разводот и судските спорови изгубиле контакт со внукот Данијел.
