Нивес Целзиус викендот го помина уредувајќи го дворот, а во есенските работи, таа покажа дека ѝ помогнал нејзиниот син Леоне (20). Младото момче се искачи високо во крошната на дрвото за да ги поткастри гранките, додека мајка му го снима од земја.
Во еден момент Нивес почна да го предупредува да се симне, бидејќи може да падне.
View this post on Instagram
Станува збор за ретка пригода во која Леоне се појавува пред камерите. За разлика од неговата сестра Таиша, Леоне ги избегнува медиумите и фотографирањето во јавност.
– Леоне има сосема поинаков карактер од мене, па и не комуницираме премногу, што всушност и не е лошо, бидејќи ретко и се караме. На мојата Луана сум ѝ најдобра братучетка, често ја чувам и си играм со неа и мислам дека целосно ќе ја разгалам – изјавила Таиша за „Стори“ во јуни.
