19.8 C
Скопје
17:14 - 22 октомври, 2026

(Фото) Која е Орла Мелиса Слоун позната како бејби ѓавол: Ги демне ѕвездите од Премиер лигата, а веќе уништи животи на неколку фудбалери

Инфлуенсерката на Инстаграм, ѕвезда на Орлифанс, Орла Мелиса Слоун, позната е како „бејби ѓавол“ затоа што ги следи ѕвездите од Премиер лигата.

22-годишниот модел призна дека демне три млади ѕвезди од Премиер лигата и призна дека спиела со Мејсон Маунт – англискиот фудбалер од Челзи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by orla melissa (@orlamelissa)

Секси Британката има над 91.000 следбеници на Инстаграм, а порано била касиерка пред да заработи дури 60.000 долари за јадење слатки додека позира гола онлајн.

Слоун обично објавува фотографии за нејзиниот егзотичен начин на живот и луксузните дестинации кои ги посетува, но каква е нејзината врска со Премиер лигата?

Според британки „Сан“ и полициските документи (кои содржат и налог за апсење на уценувачката), Слоун била обвинета од британските власти за следење и малтретирање на тројца играчи од Премиер лигата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by orla melissa (@orlamelissa)

Станува збор за играчите на Челзи, Мејсон Маунт и Бен Чилвел, како и Били Гилмур од Брајтон. Таа дури и признала на полицијата дека спила со Маунт, но никогаш немале формална врска.

Орла Мелиса Слоун нон-стоп му испраќала смс-пораки на Мејсон Маунт откако ја прекинале „врската“, а најпосле ѕвездата на Челзи го блокирал нејзиниот број.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by orla melissa (@orlamelissa)

Откако Маунт не ѝ одговорал на пораките, Слоун почнала да му испраќа пораки на Били Гилмур, зборувајќи лошо за Маунт, а потоа создала лажен профил на Инстаграм, објавувајќи монтирани фотографии од соиграчот од Челзи, Бен Чилвел со други жени.

Гилмур признал дека се сретнал со Слоун само еднаш и дека вознемирувањето продолжило оттогаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by orla melissa (@orlamelissa)

Слоун е прогласена за виновна за следење и малтретирање на фудбалери, моментно е во притвор, а ќе ѝ се суди на почетокто на јуни.

Полицијата во нејзиниот мобилен телефон нашла броеви од мобилни телефони на дури 22 ѕвезди од Премиер лигата.

Слични објави

(Видео) Карлеуша уловена како се бакнува со 25 години помладиот Александар!

Еспресо

(Фото) Даниел Кајмакоски го прослави 43-тиот роденден со семејството — сопругата Марина го опсипа со бакнежи

К.С.

Јаков Јозиновиќ отворено за восхитувањето кон Чолиќ и Мерлин и за познанството со Џејла Рамовиќ: „Таа прва ми пријде“

Е.А.

Познатата хрватска водителка доживеа сообраќајна несреќа, шест автомобили учествувале во судирот

apostolova

„Среќен роденден на небото, мамо“: Маја Вукичевиќ со емотивна посвета за починатата мајка

Еспресо

„Свирете ја Зајди, зајди“ – песната со која Олгица Христовска ги освои срцата на публиката

Т.Ц.
Се вчитува....