02:49 - 9 ноември, 2026

(ВИДЕО) И КЕНГУР ЦЕНИ ДОБРИ САМАРЈАНИ: Спасувачи извадија кенгурче од вода, а тоа им се заблагодари

кенгур

Двајца мажи извлекоа исплашен и исцрпен кенгур од студените води на езерото Бурли Грифин во Канбера во вторникот наутро.

Видеото што се појави на социјалните мрежи покажува како дуото се приближува до уплашен кенгур и со раширени раце го повикува да им пријде. Малиот кенгур се треси од студ и чека да биде спасен. За среќа, еден од храбрите минувачи беше поморски нуркач кој помогна со своите вештини.

Штом спасувачите се приближуваат, кенгурот мавта со екстремитетите во страв, но успеваат внимателно да го прегрнат и да го однесат на брегот, каде што друг човек им помогна. Третиот спасувач го смири кенгурот, а за возврат животното, во знак на благодарност, ја подаде раката.

Дејвид Бојд, кој го сними видеото и го објави на својот профил на „Фејсбук“, напиша дека кенгурот закрепнал по околу 30 минути, се смирил и продолжил со животот во дивината.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....