13.8 C
Скопје
01:38 - 11 мај, 2026

СЕ ОГЛАСИ КОНКУРЕНЦИЈАТА НА СИЛВАНА АРМЕНУЛИЌ: Поради саканиот ме тепаше, гребеше, тегнеше за коса…

Денес 83-годишната Лепосава Јанков, поранешна службеничка на ПТТ, а поранешна девојка на сопругот на фолк ѕвездата Силвана Арменулиќ – популарниот југословенски тенисер Радмило Арменулиќ, се огласи во српските медиуми и од денешен агол вака гледа на поранешната љубов, но и на односот со Силвана. 

(ФОТО) МИСТЕРИОЗНАТА СМРТ НА СИЛВАНА АРМЕНУЛИЌ: Без неа, немаше да постои Тома Здравковиќ

– Тоа за мене е сега далечно минато. Јас и Радмило се забавувавме како млади, пред да се ожени со Силвана, а јас да се омажам. После десетина години повторно се сретнавме. Беше пред развод, а јас тукушто се разведов и бев очајна. Беше тоа голема љубов. Кога почна да работи како тренер во Германија, одев кај него со авион секој викенд. Силвана не сакаше да се разведе. Дозна за нас и почна да ме вознемирува. Иако бевме разведени, сопругот и јас живеевме во ист стан, во различни соби. На мојот роденден ми упадна и почна да ме тегне за коса, да ме гребе за лице и да ме удира. Мажот едвај ме одбрани – се сеќава Лепосава.

Вели дека имала повреди, ама тоа не било се, ја натепала уште еднаш, на улица. Сепак, Радмило секогаш ја бранел Силвана, додека Лепосава ја тужела.

СОПРУГАТА НА ТОМА ЗДРАВКОВИЌ ЗА СВОЈОТ НЕОСТВАРЕН СОН: Судбината имала посебен план за Гоца

– Тие повторно се смирија, а јас повторно се венчав со мажот и родив син кој за жал почина на 23 години. Бев во Амстердам кога слушнав дека Силвана загинала во сообраќајна несреќа. Заплакав. Немав ништо против неа – заклучува Лепосава, во написот објавен од српскиот портал „свет-скандал“.

ТОМА ЗДРАВКОВИЌ НАПИШАЛ ПЕСНА И ЗА ЕСМА: Кои се Данка, Лилјана, Бранка, Нада, циганко моја…жените на кои им ги посветил најубавите песни

Слични објави

Има само 18 години, а веќе ги полни клубовите: Младата хрватска пејачка изгледа сензационално

Т.Ц.

Внуката на Арсен Дедиќ има 24 години и тргна по стапките на дедо ѝ: Прилично сум енергична личност сум, едноставно немам мир

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ со остра изјава: „Никој не се радува на успехот на Јаков Јозиновиќ“

Еспресо

Неделен хороскоп: Налет на енергија, комуникација и малку непредвидливост…

Т.Ц.

(Видео) Саша Ковачевиќ паднал од бината на синоќешниот концерт

Т.Ц.

Зорица Брунцлик случајно дознала за страшната дијагноза: „Твојот живот виси на конец…“

Еспресо
Се вчитува....