11:31 - 13 ноември, 2026

СОПРУГАТА НА ТОМА ЗДРАВКОВИЌ ЗА СВОЈОТ НЕОСТВАРЕН СОН: Судбината имала посебен план за Гоца

Филмот „Тома“ ја донесе приказната за животот на легендарниот боем, пејач, композитор и поет Тома Здравковиќ, но во прв план ги изнесе и луѓето од неговото поблиско опкружување. Меѓу нив е и неговата сопруга Гордана со која ги помина последните осумнаесет години.

Гордана со синот Александар. „Тоа што го опишуваше Тома беше љубовта кон музиката. Беше посебен, беше свој. Музиката му беше сè, го правеше и среќен и депресивен. Музиката беше негов живот. Секоја негова песна беше посебно негово доживување“, вели Гордана во гостувањето на утринската српска емисија Добро јутро. Фото – Фексбук

Тие се запознале за време на неговиот престој во Торонто, каде Гоца живеела и работела со години пред да го запозна популарниот пејач.

– Не размислував за славата на Тома, бидејќи не планирав да се вратам во Србија. Посебно не планирав да се омажам за него – изјави таа за Hello! за време на неодамнешниот престој во Белград.

ТОМА ЗДРАВКОВИЌ НАПИШАЛ ПЕСНА И ЗА ЕСМА: Кои се Данка, Лилјана, Бранка, Нада, циганко моја…жените на кои им ги посветил најубавите песни

Гоца открива дека во Србија доаѓа секоја година, а додека била жива свекрва ѝ, редовно одела во Печењевац да ја посети. И по нејзината смрт, продолжила да го посетувам нејзиниот гроб.

– Таа беше прекрасна жена, целиот свој живот го потчини на своите деца и внуци. Тома беше многу врзан за мајка си, најмногу ја сакаше – објаснува Гордана Здравковиќ.

Малку се знае за нејзиниот живот пред да се омажи за Тома Здравковиќ. Била родена во Велики Црљени, кај Лазаревац. За себе вели дека е дете од село и дека отсекогаш сакала да работи. Дека кога е во прашање работата ништо не ѝ паѓало тешко, а работниот век го поминала како фризерка ни и дека се уште не размислува за пензија.

(ФОТО) МИСТЕРИОЗНАТА СМРТ НА СИЛВАНА АРМЕНУЛИЌ: Без неа, немаше да постои Тома Здравковиќ

Како млада сакала да стане стјуардеса, но тој сон не ѝ се исполнил. Помислила дека во Канада тоа ќе биде возможна мисија, но ѝ побарале течно да говори англиски и француски, па така се откажала од идејата. Извесен период работела во фабрика, а потоа одлучила да биде сама свој газда, па завршила за фризер, – пишува еспресо.рс. 

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....