8.8 C
Скопје
07:40 - 29 септември, 2026

(ФОТО) МИСТЕРИОЗНАТА СМРТ НА СИЛВАНА АРМЕНУЛИЌ: Без неа, немаше да постои Тома Здравковиќ

Со популарноста на филмот „Тома“, луѓето дополнително се заинтересираа за животот на легендарната пејачка на фолк музика Силвана Арменулиќ. Како што вели легендата, без Силвана немаше да го има Тома Здравковиќ. Силвана беше таа што го препознала неговиот талент, а подоцна го отпеа нејзиниот голем хит „Šta će mi život bez tebe, dragi”, кој Тома го напиша за неа.

На 10 октомври 1976 година, на автопатот Белград-Ниш, легендарната пејачка Силвана Арменулиќ, тогаш на 37-годишна возраст трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа, кога се враќала од концерт.

Во несреќата починала и нејзината сестра Мирјана Барјактаревиќ, која била бремена и виолинистот Раде Јашаревиќ, додека третата сестра Дина Бајрактаревиќ Николиќ, како што еднаш кажа, за влакно ја избегнала смртта.

На социјалните мрежи се појави стара фотографија од местото на несреќата на која се гледа автомобилот во кој се наоѓала пејачката и кој е целосно уништен.

Според реконструкцијата на несреќата, по прав пат фордот се движел со брзина од околу 150 км/ч, а потоа наеднаш почнал да преминува на левата, спротивна лента и дошло до судир. Десната страна на фордот со толкава сила удрила во камионот што автомобилот целосно го исфрлил предното десно тркало, полуосовината и се вовлекол под него.

НАЈГОЛЕМАТА ЉУБОВ ВО ЈУГОСЛАВИЈА: Милена Дравиќ и Драган Николиќ ги поврзал филм

Силвана беше во брак со Радмило Арменулиќ, познат југословенски тенисер, со кој ја има 56-годишната ќерка Гордана, а тој претходно во својата исповед се присети на деталите од страшната несреќа.

-Се враќала од Александровац и во еден момент ја заболЕла главата. Таа пеела таму во кафана и се удрила во глава, па се разменила со Миодраг Јашаревиќ и тој седнал зад воланот. Дали паднал во шеќерна кома или заспал, што се случило и денеска не се знае. Не возел брзо вообичаено, а потоа најверојатно се потпрел на плинот и директно удриле во камионот. Тој, Силвана и нејзината сестра Мирјана, која била бремена, останале мртви на „лице место“. И тоа е целата приказна – се присети Радмило на оваа трагедија во една прилика.

(ФОТО)МУ ОСТАНА ЗАСЕКОГАШ ВЕРНА: Љубовната приказна на Јосипа Лисац и Карл Метикош е најтрогателна во Југославија

Слични објави

(Видео) Теа Таировиќ го освојува светот: Хитот „Балканија“ одекна во познатата италијанска кошаркарска арена

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо

По раскинувањето, Ана Николиќ и Рале се смирија, а се појавија и детали за нивниот договор

Еспресо

„Селски приказни, јас сум машинерија“: Дара Бубамара откри што мислат за неа родителите на нејзиното помладо момче 

Еспресо

(Фото) Кој е новиот дечко на Ела Дворник? Покажа дел од него по долго време

Еспресо

„Сите ме прашуваат дали бил заљубен во Силвана“ – Вдовицата на Тома Здравковиќ разби еден од најголемите митови за неговиот живот

Т.Ц.
Се вчитува....