9.8 C
Скопје
05:44 - 4 мај, 2024

ТОМА ЗДРАВКОВИЌ НАПИШАЛ ПЕСНА И ЗА ЕСМА: Кои се Данка, Лилјана, Бранка, Нада, циганко моја…жените на кои им ги посветил најубавите песни

По прикажувањето на филмот „Тома“ и македонската јавност се заинтерсира да дознае и открие што повеќе за животот за легендарниот српски пејач, композитор и поет Тома Здравковиќ кој почина во 1991 година.

Секогаш бил инспириран да твори земјаќи го за инспирација сопствениот живот, но и жените – негови и туѓи – кои ги запознавал и кои длабоко влијаеле на него.

Бил познат како голем боем и како некој кој исклучително ги сакал жените.

Имал бројни авантури, се женел четири пати, а речиси на секоја жена со која бил ѝ посветил песна. Така Тома ги испеал „Данка“, „Еј Бранка Бранка“, „За Лилјана“, „Дијана“, „Анџела“, „Ана“, „Александра“, „Фатима“, „Јелена“, „Марта“, „Надо Надо“, „Се сеќаваш Сања“ и други…

(ФОТО) МИСТЕРИОЗНАТА СМРТ НА СИЛВАНА АРМЕНУЛИЌ: Без неа, немаше да постои Тома Здравковиќ

И додека некои од овие песни останаа енигма и не се знае на кои жени им се посветени, на други им е јасно на кои дами се однесуваат, а некои ни се и познати.

Повеќето луѓе знаат дека песната „Данка“, Здравковиќ ѝ ја посвети на познатата спикерка Данка Нововиќ, во која се вљубил на еден од неговите концерти. Нивната врска била платонска, а Данка на почетокот била лута на Тома поради песната, но подоцна била горда што тој ѝ посветил песна. Данка работниот век го поминала на Телевизија Белград, а починала во 2019.

Данка Нововиќ, јутјуб

Песната „Еј Бранка, Бранка“ Тома ја посветил на Бранка Соврлиќ, откако се сретнале и разговарале, а тој се инспирирал од нејзината убавина и талент.

Бранка (босанско српска пејачка)  била една од најголемите ѕвезди на фолк музиката во 80те и 90те години, препознатлива по својата појава и провокативен стил на облекување.

Бранка, притнскрин

Песната „О где си Јелена“, крие една особено интересна приказна. Имено, таа не е посветена на ниту една сопруга на Тома, туку на сопругата на неговиот брат Новица, Јелена Здравковиќ. Таа во една прилика за медиумите им открила дека песната е напишана во кафеана кога се скарала со Новица и не сакала никаде да оди со него. Браќата се опијаниле, а Тома напишал песна на салфетка.
Песната „За Љиљана“ е посветена на актерката Љиљана Благојевиќ. Своевремено заедно ја снимаа серијата „Докторка на село“ и Љиљана му се допаднала на Тома. Иако никогаш не влегле во романса, Тома ѝ напишала песна на Љиља, а таа подоцна признала дека тоа ѝ направило да се чувствува многу непријатно.

Иако се женел четири пати, едно име во срцето на Тома било посебно врежано. Тоа е Нада Радановиќ, на која ѝ ја напишал песната „Надо, Надо“. Како што подоцна рекол неговиот брат Новица, разделбата со неа му била особено тешка, а потоа се оддал на алкохол и со денови не излегувал од дома.

Тома и Нада, фото-фејсбук

Нада била исклучително убава, таа му била трета сопруга на Тома. Неа, во филмот „Тома“ ја глуми глумицата Милена Радуловиќ. 

Венчавката на Тома и Нада се случила во1972 на Остовот на цвеќето во Црна Гора. Кума им била глумицата Оливера Катарина, а младите биле лудо вљубени, но сепак, бракот не траел долго.

Интересна приказна крие и песната „Се сеќаваш ли Сања“. Имено, Здравковиќ ни оваа песна не ја посветил на своја љубов.

Со Мики Јевремовиќ бил на турнеја во Германија, а потоа Мики му се пожалил дека се обидува да напише песна за девојка која била со него во најтешките моменти во неговиот живот, но не му оди најдобро пишувањето. Веќе следниот ден Тома ја свирел на клавир и му пеел: „Се сеќаваш, Сања, можеш ли да заборавиш? Посакуваш ли Сања понекогаш да ме гушнеш?…

Иако нејзиното име не се спомнува, малкумина знаат дека Тома песната „О циганко моја“ ја посветил на колешката Есма Реџепова која постојано истакнувала дека на тоа е горда.

Нумерата „Букет бели рози“ не ја изведувал често бидејќи секогаш плачел кога ќе ја запее.

Но малку е познато дека таа, според него најтажна песна, ѝ ја посветил на една Славица, во која бил смртно вљубен…Имала руса коса и сини очи. Песната крие морничава вистина – приказна за неговата прва љубов која починала пред 20тата година од животот.

 

Слични објави

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо
Се вчитува....